Овој пат фотографиите зборуваат огледално. Петар Андоновски и Фросина Пармаковска се соочуваа со себеси исто колку и сите присутни – присуствувавме на (само)разговор со двајцата прозаисти.
Види повеќеКога би можеле фотографиите да зборуваат, ќе ви раскажеа долги приказни. Кога би ги прашале сите емоции од долгите романи каде беа вчера, тие би ви ги покажале овие фотографии.
Види повеќеВо ведра атмосфера, со куп дечиња што весело скокнуваа и потскокнуваа, го заокруживме викендот од акцијата „Читај и живеј здраво“. Со многу игри и активно, а безбедно дружење пред нашата книжарница во Дебар Маало, децата уживаа во вежбите на Скампер, како и во читање на приказните на Стела и Сани, со кои го освоија денот со сонце и уживање!
Види повеќеВи пренесуваме дел од убавата атмосфера од отворениот Саем на книгата – повторната средба со нашите читатели, разговорите, богатата понуда на нашиот штанд и задоволството да се биде дел од уште едно саемско издание.
Види повеќеВо релаксирана, музички збогатена атмосфера, вчера нашиот Раде направи промоција за мерак. Книгата „По дождот“ беше претставена од страна на професорот Венко Андоновски, а присутните уживаа и во рециталот на Теоман Максут и музичката поддршка од тајфата на Раде.
Види повеќеВи пренесуваме дел од атмосферата на промоцијата на новиот роман „Вилино“ на Винка Саздова. Прекрасни гости, споделена радост и насмеани читатели, нестрпливи да ја добијат својата посвета.
Види повеќе