ПРОМОЦИЈА НА „КАКО ГОРИ ПЕПЕЛТА“ ОД МИЛОШ ДИМКОВСКИ

ПРОМОЦИЈА НА „КАКО ГОРИ ПЕПЕЛТА“ ОД МИЛОШ ДИМКОВСКИ

Романот со загатлив наслов и уште поинтригантна содржина на 20 октомври ја доживеа својата промоција, на која беа споделени многу насмевки и книжевни разговори, а беа потпишани и многу книги.

На промоцијата во „Лабораториум“ најпрво се обрати писателката Виолета Танчева-Златева, која ја лекторираше книгата, а потоа со авторот Милош Димковски разговараше книжевничката Милена Сиљаноска, која пишуваше и го уредуваше романот.

Во придружба на диџеј-техносет со Darko Ripple & Impulse, следуваше потпишувањето на книгата.

Ви пренесуваме дел од атмосферата, а книгата може да ја побарате во книжарниците на ТРИ и онлајн на kniga.mk!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново