ПРОМОЦИЈА НА „ЕДНОРЕЧЕНИЧНИ“ ОД ВИОЛЕТА ТАНЧЕВА-ЗЛАТЕВА

ПРОМОЦИЈА НА „ЕДНОРЕЧЕНИЧНИ“ ОД ВИОЛЕТА ТАНЧЕВА-ЗЛАТЕВА

Нашата лекторка, воедно и извонредна писателка и поетеса Виолета Танчева-Златева, вчера имаше промоција на својата седма прозна книга „Еднореченични“.

Во топол книжевен разговор, книгата ни ја претставија професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и писателките Милена Сиљаноска и Лидија Димковска. Дел од расказите ни прочитаа Пепи Стамков, Марија Велинова, Андреј Медиќ Лазаревски и Ангела Бошкоска, по што следуваше потпишување со авторката.

Вашиот примерок од оваа книга во која реченицата, како што напиша  Венко Андоновски, е отворена како вселена, можете да го побарате во сите наши книжарници и онлајн на kniga.mk!

Фотографии: Теодор Тасевски

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново