ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ ШТО ЌЕ ГИ ЧИТАМЕ ЕСЕНВА

ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ ШТО ЌЕ ГИ ЧИТАМЕ ЕСЕНВА

Денес засвежи, есента веќе ни тропка на врата. Тоа може да значи само едно – книга и ќебенце со шолја чај во рака. Кој од насловите што ќе ги читаме наскоро ви се чини најпривлечен? Прочитајте повеќе за секоја од книгите подолу!  

Скриена во стара зграда на крајот од тесна уличка во Кјото, „Кокоро: клиника за душата“ можат да ја пронајдат само луѓето на кои навистина им е потребна помош. Таинствената клиника нуди уникатен третман: препишува мачки како лек. Пациентите често се збунети од необичниот рецепт, но додека ја чуваат препишаната мачка колку што им е препорачано, почнуваат да забележуваат длабоки промени во својот живот. 

  • Безимотните“ од Урсула К. Ле Гвин во превод на Калина Малеска

Антарес е мрачна месечина населена од утопистички анархисти и долго време е изолирана од другите светови и од својата матична планета Урас – цивилизација на завојувани нации, огромна сиромаштија, но и незамисливо богатство. Брилијантниот физичар Шевек е решен повторно да ги обедини двете планети. Тој ќе бара одговори, ќе го преиспитува она што никој не се осмелува да го доведе во прашање и ќе се обиде да ги урне ѕидовите на омразата што ги држеле разделени.  


  • Сатантанго“ од Ласло Краснахоркаи во превод на Златко Панзов 

Во згаснувачките жаришта на една комунистичка утопија, животот во едно унгарско гратче речиси целосно замрел. Мувите зујат, пајаците плетат мрежи, водата од чешмите капе, а животните безволно ријат во дворот на колективната фарма. Но кога харизматичниот Иримјаш – за кого долго време се верувало дека е мртов – се враќа во комуната, селаните паѓаат под неговото влијание. Ѓаволот пристигнал меѓу нив... 


Конел и Маријана растат во истото мало гратче, но тоа е нивната единствена сличност. Конел е популарен и омилен во училиштето, а Маријана е осаменичка. Сепак, кога ќе поведат разговор – несмасен, но исполнет со електрицитет – ќе започне нешто што ќе им ги промени животите. Една година подоцна, и двајцата студираат на колеџот Тринити во Даблин. Маријана се снаоѓа во новиот социјален свет, додека Конел е срамежлив и несигурен. Во текот на универзитетските години, Маријана и Конел постојано се среќаваат и иако се свртуваат кон други луѓе и можности, секогаш се магнетски и неодоливо привлечени еден кон друг.  


На многу начини, браќата Карл и Рој Опгард успеале во животот. Или барем постигнале успех што е можен во нивното гратче, во кое морале буквално да убиваат за да стигнат до врвот. Карл управува со луксузниот спа-хотел во околината, додека Рој има бензинска пумпа и амбициозни планови за забавен парк со ролеркостер. За двајцата браќа, сè оди во нагорна линија. Доколку локалниот шериф не успее да ги сречи во тоа... 


Свеж и поинаков поглед на љубовта и врските – пристап што не се фокусира на пронаоѓањето на идеалниот партнер, туку на тоа да станеме посочувствени, позрели и пореални личности. Потпирајќи се на будистичкиот концепт на свесност, „Како да бидете зрели во врските“ ги истражува петте обележја на свесното сакање и нивната улога во нашите односи во текот на целиот живот. 


Секоја лекција во оваа книга е поткрепена со истражувања. Не ги читате само мислењата на авторот туку добивате и длабоки сознанија од експерти од различни области. Како резултат на тоа, дури и ако веќе долго време сте на патот кон успехот, ќе научите нешто ново што може да ви помогне да го насочите или да го забрзате тој пат, уживајќи во среќен и исполнет живот. 


Преку очите на младиот свештеник дон Хулијан Алварез, го гледаме самракот на лозата на маркизот дон Педро Москосо – најпрво со изненадување и зачуденост, а потоа со сожалување. Москосови се жива слика на општественото пропаѓање на Шпанија кон крајот на XIX век: истовремено и жртва и сведок на промените што се случуваат. Авторката Басан ни нуди префинета, но динамична проза која не се обидува да ја прикрие вознемиреноста предизвикана од набљудувањето на незапирливиот пад. 

Петнаесетгодишниот Копер по смртта на татко му мора да се соочи со неизбежни и огромни промени, од кои најмногу го измачува личното предавство на најдобриот пријател. Истовремено, неговиот вујко во дневник му споделува знаења и му нуди совети за големите животни прашања со кои тој почнува да се соочува. Исто како некогаш Коперник, Копер често погледнува кон ѕвездите и ги користи своите размислувања за небото, Земјата и човечката природа за да го пронајде одговорот на прашањето: како треба најдобро да се живее? 


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново