НЕШТО СОСЕМ НОВО – ФИТНЕС ПЛАНЕР ОД АНА СТОЈАНОВА

НЕШТО СОСЕМ НОВО – ФИТНЕС ПЛАНЕР ОД АНА СТОЈАНОВА

Во ТРИ пристигнува нешто сосема поинакво – во соработка со познатата фитнес инструкторка Ана Стојанова го претставуваме оригиналниот и уникатен ФИТНЕС ПЛАНЕР. Наменет за сите што се стремат кон физичка трансформација, што целат високо и што сакаат дополнителна организација и мотивација на патот кон здравиот живот. Извонредната Ана во планерот ти нуди совети и систем за тренинг на телото и на свеста, а ти си таа која ги испишуваш страниците. Ова не е обичен планер туку е еден поинаков предизвик, за сите храбри жени.

Која е Ана Стојанова?

Ана Стојанова е познат фитнес тренер што ќе биде со тебе сè додека не ја постигнеш посакуваната цел. Таа е мотивација и поддршка за сите девојки и жени кои знаат колку е значаен балансот меѓу телото и духот. Ана веќе осум години е во светот на фитнесот со мотив да биде успешна во она што го прави, но и да им подаде рака на сите кои сакаат да стигнат до истата цел. Физичкиот изглед покажува колку се грижиш за својата психа.

Која е твојата цел?

Секој има различна цел, а дефинирањето на целта е клучна за успех. Добар тренер што подготвува квалитетни програми и што гарантира успех, токму како Ана, ги распоредува фитнес плановите за вежбање и исхрана лично за секого. Бидејќи секое тело и дух се различни.

Што е фитнес планер?

Фитнес планер е распоред на планирани сесии за физички вежби, здравствени навики, но и здрав дух. Ана те води низ процесот, но ти си таа што ја прави трансформацијата.

Едногласно со Ана се обраќаме до сите девојки: убава жена е онаа која е сакана! Сакај се себеси, зашто самите по себе сме љубов, а љубовта се негува.

Искористи го промотивниот период од 29.01. до 02.02.2021 г. и нарачај го својот примерок за само 490 денари! 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново