КОЈ Е МОНАХОТ?

КОЈ Е МОНАХОТ?

Многумина се прашуваат кој е наградуваниот раскажувач и автор на вирални содржини. Од лансирањето на неговиот видеоканал во 2016 година, неговите видеа исполнети со мудрост имаат над 4 милијарди прегледи и тој доби над 20 милиони следбеници. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет.

Роден и пораснат во Лондон, Џеј бил срамежливо и интровертно момче. Како дете го малтретирале поради прекумерната тежина и изгледот на „бубалица“, но тој никогаш не дозволил овие искуства да влијаат врз него. Како и секој тинејџер, поголемиот дел од тие години ги поминал експериментирајќи со тоа што светот можел да го понуди. Едноставно, бил уморен да биде само „добар“.

Џеј неколкупати бил суспендиран од школо додека се трудел да го пронајде својот идентитет. Ги изгубил најдобрите пријатели на 16 години, еден во сообраќајна несреќа, а друг во насилство од банда. Овие трагични настани го натерале да размисли за тоа што е благословен живот и почувствувал потреба да пронајде подлабока цел и значење.

Не можете да бидете она што не можете да го видите!

Откако на 18 години се сретнал со еден монах, Џеј почнал поинаку да размислува за успехот. По дипломирањето на 22 години, вдахновен да направи промени во светот, почнал да живее како монах во Индија и Европа. Костумот го заменил со наметка, ја избричил главата и во следните три години живеел аскетски – сѐ што поседувал го собирало во едно шкафче од вежбалница.

Будење во 4 наутро, миење со студена вода и јадење едноставна храна – тие биле неговите дневни ритуали.

Медитирал од 4 до 8 часа дневно и експериментирал со различни постови без вода и храна, за да го извежба умот. Често практикувал медитација во екстремни услови (топло и ладно) и учел древни практики за контрола на дишењето и умот. Посветено ги проучувал безвременските филозофии и источните науки, за да ги согледа нивните врски со современиот свет и пораките што би можеле да му ги понудат. Половина ден го посветувал на себе, а другиот дел од денот им служел на другите. Во текот на тие три години Џеј помагал во градење на одржливи села, бил вклучен во програми кои обезбедувале и доставувале над еден милион оброци дневно и ги обучувал милениумците низ светот за свеста, благосостојба и успехот.

Враќање од монасите…

Џеј се вратил кај родителите во Лондон без скршена пара. По „самоубиството“ на кариерата, наредните 9 месеци ги посветил на приспособување кон новите норми на светот. Пријателите  почнале да го канат да држи говори во нивните компании, зашто биле под големи стресови и притисоци, верувајќи дека може да ги подучи за благосостојба и будење на свеста. И така, Џеј стана еден од најпознатите светски лидери за менување на размислувањето и на животот. 

Искрена, инспиративна и возвишувачка приказна на еден монах! 

Во животот постојано се фокусираме на минливите нешта, оние што постојано ни се измолкнуваат, наместо да се свртиме кон суштинските работи што ни помагаат да го разбереме светот во кој живееме. Избегнувајќи да се соочиме со самите себе, секојдневно страдаме поради борбата со внатрешните блокади што ни го попречуваат патот до остварување на нашиот вистински потенцијал и на моќта што ја имаме во себе.

Новите промени почнуваат тука и сега.

Наскоро на вашите полици очекувајте ја книгата „Размислувај како монах“ од Џеј Шети, со која ќе може да развиете нови вештини, која ќе ви биде помошник во ослободување од негативноста, вознемиреноста и големите очекувања од другите луѓе. Ова е книга-водич наменета за сите храбри луѓе кои сакаат да го сменат начинот на размислување и да навлезат во еден исклучителен свет на мир и хармонија. Само преку личната самосвест може да ги отворите портите на среќата и да тргнете на патувањето наречено „живот“.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново