ДВЕ БЕСПЛАТНИ ИЛУСТРИРАНИ КНИГИ ОД ПАУЛО КОЕЛЈО
![ДВЕ БЕСПЛАТНИ ИЛУСТРИРАНИ КНИГИ ОД ПАУЛО КОЕЛЈО](https://admin.prikazni.mk/uploads/posts/37/1591130204dve-besplatni-ilustrirani-knigi-od-paulo-koeljo-1-800x_.png)
Но не сме сами во оваа приказна. Нашата пролет може да биде и поинаква, топла и емпатична, како што сме навикнале досега да ја развиваме.
Токму затоа, ги преведовме двете илустрирани книги за деца од популарниот писател Пауло Коелјо, наречени „А, Б, В, Г…“ и „Значењето на мирот“. Тие се полни со емпатија, верба и надеж – она што сега најмногу ни треба. Враќање кон човечноста и мирот во душата. Да останеме смирени, да истраеме во овие мигови!
Приказните раскажани од Коелјо се читаат насекаде во светот. Читателите го препознаваат неговиот космополитски дух и смиреноста со која зборува за проблемите во светот, но и едноставноста и мудроста со кои ни се обраќа и допира до нашите срца.
Илустрираните приказни ќе можете да ги преземете со едноставно кликнување на нивните корици.
![](https://admin.prikazni.mk/uploads/redactor_uploads/5ed6b8166bb8f-znacenje.namirot-1.png)
![](https://admin.prikazni.mk/uploads/redactor_uploads/5ed6b84ee454d-abvg.png)