КНИГИТЕ СЕ ТВОЈОТ ДОМ? – МОЖАТ ДА БИДАТ И ТВОЈАТА НОВА ПРОФЕСИЈА (ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ)

КНИГИТЕ СЕ ТВОЈОТ ДОМ? – МОЖАТ ДА БИДАТ И ТВОЈАТА НОВА ПРОФЕСИЈА (ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ)

Велат дека човек што се занимава со она што го сака, нема ниеден работен ден. Зашто својата работа ја гледа како љубов.

Ако книгите се твојата љубов, и ако имаш некои од следните квалификации, тогаш добредојден си во нашата книжарница.

Ние сме во потрага по книжари, а ако не можеш да се замислиш без книгите, тогаш овој е вистинскиот оглас за тебе! 

Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
  • Одлично познавање на работа со компјутер
  • Знаење англиски јазик.
Потребни способности и вештини:
  • Одлично познавање на книжевноста
  • Одлични организациски способности
  • Вештини на продавање
  • Комуникативност, отвореност, љубезност
  • Висока професионалност
  • Подготвеност за работа во смени
  • Заинтересираност за новитети.

Време за пријавување на огласот – до 15.4.2024 г.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски јазик и мотивациско писмо на: kariera@kniga.mk.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново