ТРИ ВРАБОТУВА ПОМОШНИК-УРЕДНИК

ТРИ ВРАБОТУВА ПОМОШНИК-УРЕДНИК

Редакцијата на ТРИ има потреба од помошник-уредник, кој ќе придонесе за понатамошната успешна редакциска работа и со својата креативност и посветеност ќе има свој удел во освежувањето на идејниот склоп на досегашната истакната работа на ТРИ.

Добредојден е секој одговорен, квалификуван и динамичен кандидат што сака да учествува во продолжувањето на нашата книжевна мисија, а воедно и да ги прошири своите знаења и умеења во областа на литературата и издаваштвото.

Опис на работно место:
  • Водење на комплетната документација на Редакцијата – коресподенција, службени документи, договори итн.
  • Учество во реализација на издавачката програма – изработка и комплетирање на документација
  • Комуникација со соработници од име на Редакцијата
  • Комуникација со автори, издавачи и книжевни агенти според насоки на Редакцијата
  • Учество во целокупната редакциска работа.
Основни квалификации:
  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични способности за писмено изразување, презентациски вештини, елоквентност
  • Способност за аналитичко размислување и расудување, следење трендови
  • Напредно ниво на користење на MS Office, Internet
  • Подготвеност за тимска и самостојна работа.

Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство на исти или слични работни места.

Што нудиме:
  • Пријатна работна атмосфера
  • Одлични услови и можност за стекнувње практични знаења
  • Соработка со искусен тим
  • Можност за напредок во кариерата.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат своја биографии и мотивациско писмо на македонски јазик на: kariera@kniga.mk

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново