САЕМСКИ КАТАЛОЗИ
Во срцето изгради свет од книги. Во тој свет, секоја тула е мисла која на домот му дава смисла.
Пронајди ги мислите што ќе те водат!
Ако книгите се патот до смислата, Саемот на книгата е патот до книгите. Tој те води на најголемиот читачки настан што се случува од 18 до 24 април. Овој Саем на книгата помини го незаборавно, не само со книгите што ќе си ги набавиш, или со ексклузивните саемски новитети, туку и со средбите со авторите. Следи го нивниот глас, а тој ќе ти го покаже патот до себе.
На штандот на ТРИ, во традиционалната затворена саемска атмосфера во спортската сала „Борис Трајковски“, ќе те пречекаат над 600 наслови, попусти до 80 % и дополнителни количински понуди, додека агендата зборува од името на прекрасните мигови што ни ги ветува овој Саем.
Кликни на следниот дизајн за да ги разгледаш сите наслови од областа на белетристиката!
Знаеш ли дека ќе имаш можност да ги добиеш новитетите со потпишан примерок? Новиот есеистички наслов на Румена Бужаровска, првото поетско македонско издание на познатиот режисер Срѓан Драгојевиќ, наградениот роман на годината од Лидија Димковска, неверојатните есеи од Горан Стефановски и сликовницата „Писмо до внуката“, новото издание на познатите „Фрески и гротески“ и „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, како и прирачник за трајно здравје од Маја Волк.
Секако, неизмерно се радуваме и на преводните изданија што долго ги чекаме од светските бестселери – „Богатство што не се купува со пари“ од Робин Шарма, „Влијание“ од Роберт Чалдини, „Остани безгрижен со Епиктет“ од Јана Капри и Чаран Дијаз и „Човековата потрага по смисла“ од Виктор Франкл се неколку од безбројните наслови што со години секојдневно ги менуваат животите на читателите. Тие се безвременски!
Кликни на следниот дизајн за да ги разгледаш сите наслови од областа на популарната психологија!
Запамети го овој Саем на книгата по мислите. Ни ден без книга, ни ден без (с)мисла! Книгите се прозорци кон светот и огледала на душата.
Добре дојде на овогодишниот Саем на книгата!