САЕМСКИ КАТАЛОГ: ПОПУЛАРНА ПСИХОЛОГИЈА

САЕМСКИ КАТАЛОГ: ПОПУЛАРНА ПСИХОЛОГИЈА

Дрвото што дава најмногу плодови, најмногу се ведне.

Робин Шарма

 

Животот е лесен! Ако има со што да го исполниме. Исполни го со (с)мисла. Пронајди ја својата во големите автори во чии книги прво се губиме, па се наоѓаме.

Новитетите од Робин Шарма, Роберт Чалдини, Виктор Франкл, Јана Капри и Чаран Дизајн, целата богата понуда од наслови што со години ни втемелува мудрости во срцата и кои постојано носат значајни промени што водат кон исполнетост и среќа, ќе ги најдете на овој Саем на книгата.

Одново вљуби се во животот. Тој е онаков каков што ти самиот ќе го направиш.

Никогаш не е случајно кога некоја книга го обиколува светот. Ако може да му помогне на еден, може да му помогне секому. Зошто да не ти помогне и тебе?

Благодарение на книгите од (популарната) психологија, водичите за здрав физички и духовен живот на Габор Мате, Бријана Вист, Садгуру, Дипак Чопра, Џеј Шети и многу други, можеме да ги најдеме одговорите на многу клучни животни прашања, а во умовите ќе ни се отворат нови прашања што бараат уште одговори. Тие се можеби најзначајните двигатели.

Книгите се нашата движечка сила. Дојди на Саемот на книгата на штандот на ТРИ и ние ќе ти помогнеме да ја најдеш својата смисла!

„Не е важна смислата на животот во целост, туку конкретната смисла на животот на дадена личност во даден момент“, да го завршиме овој текст со мислата на Виктор Франкл и да го започнеме новиот убав живот!

ЦЕЛИОТ КАТАЛОГ РАЗГЛЕДАЈ ГО ТУКА!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново