ЧИТАТЕЛСКИ ПАСОШ
Твојот нов читателски предизвик!
За овој пасош не треба да чекаш ред, ниту термин. Можеш да го подигнеш во некоја од нашите книжарници со првата сметка од 500 денари. Потоа, тој може да ти стане главниот документ за патување ова лето. Бидејќи патувањето некогаш е со книги, а некогаш преку нив – читањето е начинот на кој можеш безбедно да го користиш пасошот.
За да го пополниш, треба да поминеш низ неколку станици, а на секоја од нив те чека изненадување.
Пополнувањето е многу едноставно: колку повеќе читаш, толку повеќе печати добиваш. Тоа значи патешествие полно со изненадувања, па освен печати, ти подаруваме торбички со освежен дизајн, книги и други мали подароци. Ако ги поминеш сите девет попатни станици и стигнеш до крај, влегуваш во игра за вредносни ваучери, бесплатни книги во текот на целата година или патување со омилената личност на некоја дестинација!
Печат се добива на секоја сметка од 500 денари за купени изданија на ТРИ или Паблишер.
Патувај ова лето и не заборавај го најважниот документ – твојот читателски пасош!