ЛЕТО СО ТРИ: ОДМОР СО ПОГЛЕД НА КНИГИ

ЛЕТО СО ТРИ: ОДМОР СО ПОГЛЕД НА КНИГИ

Добрата страна на летото е што деновите се толку долги што имаме многу повеќе светлина за читање. А одличната страна на летото со ТРИ е што попустите се толку големи, понудите толку примамливи, а новитетите толку привлечни што сите овие месеци нема да се тргнеш од книгите!

Ова лето имај го најубавиот поглед од прозорецот во својата душа. Поглед кон книгите!

Резервирај го своето место во некоја од нашите книги и нурни се до неоткриени длабочини, види ги најубавите видици во светот што никој досега не ги открил, пронајди ја тајната на животот!

Сето ова можеш да го направиш за една летна ноќ на плажа, утро во шума или пладне во својот двор додека уживаш во новата летна романса на Али Хејзелвуд или, пак, во мистериозните и морничави трилери на Ју Несбе и Стив Кавана. Секој период од годината е совршен за да се посветиш себеси – а како ако не со Џеј Шети и неговите „Осум правила на љубовта“, или со Филипа Пери и нејзината „Книга што посакувате да ја прочитаат вашите сакани (а можеби и неколкумина други)“. Ти најавуваме уште многу други новитети што можеш да ги разгледаш во нашиот летен каталог! Освен тоа, таму ќе ги најдеш и летните цени снижени до 70 %, омилените понуди на читателите – 3 книги за 500 денари или 5 книги за 500 денари, како и наслови по 99 денари – а сета таа авантура започнува на 17 јуни.

Секоја книга и секое лето е приказна за себе. Разгледај го каталогот за белетристика ТУКА и каталогот за личен развој ТУКА и почни со сурфање врз бранот на зборовите!

Штом еднаш ќе научиш како да патуваш во книгите, никогаш повеќе нема да останеш во една точка. Тоа е и животот. Постојано откривање на нови убавини.

Освен што ќе ги понесеш своите нови наслови од ТРИ со себе, ова лето и тие ќе те однесат некаде далеку каде што никогаш не си бил.

Па, во колку книги ќе патуваш ова лето?

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново