ЧИТАЈ И ПАТУВАЈ, НАВИСТИНА!
Летниот фестивал на книгата во ТРИ: „Читам, значи патувам!“ вистински те води на патување – во Тоскана!
Со пополнет читателски пасош – сезонскиот предизвик летово, може да се отпатува во лулката на големите италијански поети и уметници. Затоа што читањето е уште поубаво на златно зајдисонце во магичното Чинкве Тере и градовите на тосканскиот регион во кои се спојуваат природата и културата.

Пополни го пасошот во некоја од нашите станици (книжарници) и влези во игра за патување во пределот на златните зајдисонца и магичните градови во кои се спојуваат природата и културата.

Или добивај бесплатни книги во издание на ТРИ и Паблишер цела година. Книжевните изненадувања не запираат овде – со пополнет пасош можеш да освоиш и ваучери за уште книги, бидејќи секоја нова прочитана страница води кон нови поглавја!

Ако веќе ги собра сите девет печати, посети нè во некоја од нашите книжарници и вклучи се во извлекувањето за некоја од овие награди. Ако, пак, ти останаа уште празни полиња, дојди ни на книжевна дружба и избери го своето ново летно четиво. Предизвикот трае до 23 август!

Сите изданија на ТРИ и Паблишер може да ги разгледаш во каталогот ТУКА, а секоја фестивалска недела ќе носи различна понуда од книги со уште пониски цени!