ОГЛАС ЗА КНИЖАР: ТРИ БАРА НОВИ ЛИКОВИ – ТИ СИ ДЕЛОТ ШТО НИ НЕДОСТИГА ВО ПРИКАЗНАТА

ОГЛАС ЗА КНИЖАР: ТРИ БАРА НОВИ ЛИКОВИ – ТИ СИ ДЕЛОТ ШТО НИ НЕДОСТИГА ВО ПРИКАЗНАТА

Ако на секоја животна ситуација ѝ пристапуваш со цитат од омилен автор, ако мирисот на нова книга ти е пролет за душата и ако веруваш дека книжарницата не е само простор туку свет во кој се живее, тогаш овој оглас е вистинскиот за тебе. 

Ние бараме уште еден нов лик за нашата приказна. Ако веруваш дека можеш да бидеш дел од неа, проследи го овој оглас и пријави се!

Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
  • Одлично познавање на работа со компјутер
  • Знаење англиски јазик.
Потребни способности и вештини:
  • Одлично познавање на книжевноста
  • Одлични организациски способности
  • Вештини на продавање
  • Комуникативност, отвореност, љубезност
  • Висока професионалност
  • Подготвеност за работа во смени
  • Заинтересираност за новитети.

Време за пријавување на огласот – до 1.10.2025 г.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски јазик и мотивациско писмо на: kariera@kniga.mk.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново