САЕМСКИ КАТАЛОГ: БЕЛЕТРИСТИКА

САЕМСКИ КАТАЛОГ: БЕЛЕТРИСТИКА

Смислата на човековото постоење не е во тоа да се остане жив, туку да се пронајде нешто за кое вреди да се живее.

Фјодор М. Достоевски 

Пронајди ја својата мисла меѓу романите што живот менуваат!

Овој Саем на книгата, од 18 до 24 април, е вистинското време да расчепкаш низ книгите, подвлекувајќи ги мислите што ќе ти ја осветлат смислата.

Македонската книжевност е вистински извор на мисли-бисери. „Пофалба на обратноста и други есеи“ и „Писмо до внуката“ од Горан Стефановски, „Азбука за непослушните“ и „Фрески и гротески“ од Венко Андоновски, „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска, „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска (што пристигнуваат овој Саем на нашиот штанд), секое од делата на Петре М. Андреевски, Винка Саздова, Митко Маџунков, Јагода Михајловска-Георгиева или Виолета Танчева-Златева.

Сите овие книги се задолжителни четива за трагачите по мудрост.

Во книгите сме бескомпромисни. Свесно и несвесно лунѕаме по смислата, и токму во нив ја наоѓаме.

Искористете ја секоја книга и секоја можност за промени, зашто единственото нешто што не се менува е човековата потрага по промени.

Средбите со домашните автори, или гостите од регионот како Срѓан Драгојевиќ со прво македонско издание, нека те инспирираат во отворањето на новиот прозорец во срцето, од каде што ќе навлезе светлината што ќе биде твојот патоказ.

Саемот на книгата е твоето место за промени!
 

ЦЕЛИОТ КАТАЛОГ РАЗГЛЕДАЈ ГО ТУКА!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново