ИНСПИРАТИВНИ ИНСТАГРАМ-ПРОФИЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИТЕ

ИНСПИРАТИВНИ ИНСТАГРАМ-ПРОФИЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИТЕ

Да, вистина е дека треба да минуваме повеќе време пред книгите отколку пред екраните, но ако ги користите социјалните медиуми за позитивни нешта (што можеби ќе ви го променат животот), тогаш тоа време може да биде и повеќе од полезно.

Некомерцијалните профили на автори како Векс Кинг, кој станува сè попопуларен, или Џордан Питерсон, чии мислења влијаат врз многумина, можат да ви го променат светогледот и да ве предизвикаат да го гледате животот со ширум отворени очи.

Овие се инстаграм-профилите на автори што секој би требало да ги следи, дури и да не е страстен читател.

 

Векс Кинг (vexking)

Вкупно 1,1 милон следбеници секојдневно се мотивираат од пораките што авторот Векс Кинг ги праќа до нив. Позитивните мисли носат позитивен живот. Авторот кој го освои светот со својата книга „Добри вибрации, добар живот“, а која наскоро ќе се најде на нашите и ваши полици, е еднакво инспиративен и на социјалните медиуми. Профил што едноставно не смеете да не го следите!

                                                    

Џордан Питерсон (jordan.b.peterson)

Добро познатиот психолог несебично ги споделува своите совети, но и многу од своите ставови за светот и за она што му се случува. Меѓу 3,4 милиони следбеници на Џордан Питерсон не се наоѓаат само читатели, тука и економисти, политичари, уметници, општествени критичари. Сестран е и знае што прави. Бидете дел од неговиот профил и дознајте многу за светот.  

Садгуру (sadhguru)

Вистинскиот живот на најпознатиот јогин, мистик и визионер го следат 7,6 милиони луѓе. Говори, места што ги посетува, искуства што во моментот ги доживува, совети како да ја живееме најдобрата верзија на нашиот живот, нештата што него го менуваат, нештата што нас нè менуваат – сето тоа е пред нашите очи. Човек што е надвор од рамките, видете го надвор од екраните. 


Робин Шарма (robinsharma)

Робин Шарма го сакаме токму затоа што е таков каков што е – искрен, отворен и реален. Споделувајќи ги своите размисли и секојдневни случувања со своите 1,4 милиони следбеници, но споделувајќи ги и приказните на други луѓе, Шарма ни покажува дека е изводливо да се живее инспиративно. Следете ги неговите совети и неговиот дух и почнете да се чувствувате како него.

Џеј Шети (jayshetty)

Еден од најзабавните профили што ќе ги отворите на Инстаграм. Џеј Шети секој ден измамува 10,4 милиони насмевки, некои поттикнати од мотивирачките видеа, некои од интересните совети и содржини, некои од видеа во кои директно ни се обраќа. Заследете го и ќе сфатите колку е едноставно и исполнувачки да се размислува како монах.








Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново