РУМЕНА БУЖАРОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ – ШПАНСКИОТ ПРЕВОД НА „МОЈОТ МАЖ“ ПРОМОВИРАН ВО БУЕНОС АИРЕС

РУМЕНА БУЖАРОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ – ШПАНСКИОТ ПРЕВОД НА „МОЈОТ МАЖ“ ПРОМОВИРАН ВО БУЕНОС АИРЕС

„Мојот маж“ од Румена Бужаровска минатата година го доживеа своето десетто издание во нашата земја, а и во светот постојано се печатат нови изданија на различни јазици.

Патот го продолжи во Буенос Аирес, Аргентина, објавена од шпанската издавачка куќа Impedimenta, во превод на Красимир Тасев. Промоцијата се одржа во книжарницата Dain Usina Cultural пред многубројна публика.

Промотор на настанот беше познатата новинарка, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 година беше една од организаторките на аргентинското феминистичко движење #NiUnaMenos против фемицидот и насилството врз жените.

Четиринаесет преводи веќе им овозможија на различни читатели низ светот да го читаат ова исклучително дело на својот мајчин јазик.

Полското издание (на Biuro literackie, во превод на Јованка Дорота Ќириќ) исто така заживеа неодамна, а во меѓувреме атинскиот театар „Тисион“ постави претстава според „Мојот маж“ во режија на Марија Маганари.

На Румена Бужаровска ѝ посакуваме нови успеси и бескрајно сме ѝ благодарни што создаде безвременско дело преку кое светот се запознава со нашата култура и литература, која може да се пофали со исклучителни авторски имиња.

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново