„МОЌТА БИ ЈА УПОТРЕБИЛА ЗА РАЗБИРАЊЕ“ – Кратко интервју со Ирена Јурчева

„МОЌТА БИ ЈА УПОТРЕБИЛА ЗА РАЗБИРАЊЕ“ – Кратко интервју со Ирена Јурчева

Адријан е главниот херој во книгата што има дар да влегува во мислите на другите, да ги чувствува нивните болки и да раководи со нивните постапки. Кога би ја имала моќта на Адријан, што прво би направила?

Моќта би ја употребила за разбирање – да ги разберам мотивите и изборите на луѓето, за да можам да придонесам за доброто на сите. И, да бидам искрена, би направила и нешто само за себе – би го прошетала светот без да морам да штедам и планирам претходно. Каде и да одам, да ми се отвораат вратите. 😊

Твоите три омилени архаизми се...

Навистина ги има многу за да издвојам само три. Безветрие, златец, ѕвездочатец. Мошне толкиновски ми звучат архаизмите како што се завет, вилает и аманет.

Пишување или преведување?

Едното е моја магија, другото е мост кон магијата на велемајсторите на зборот. Едното го родив, другото го посинив (поќеркив!) Едно со друго се збогатуваат. И двете еднакво ги сакам.

Дениз е водилката на Адријан. Како негово алтер его, таа го води во спознавањето на моќта. Дали повеќе би сакала да имаш Дениз во животот или да бидеш нечија Дениз?

Секогаш е убаво да имаш некоја Дениз покрај себе. Можеби полесно е да бидеш воден. Но уште повозбудливо е да се биде нечие море (Дениз). Да водиш значи да создаваш и да ги инспирираш другите. А зошто, пак, не и двете? 

Каде треба да се вечер сите читатели?

Вечерва во 19 часот во фоајето на Младински културен центар ќе му направиме крштевка на моето книжевно бебе „Ќе помине и моќта”. Ве поканувам да му се порадуваме заедно! 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново