Интервјуа
„И КОГА ЧЕКОРОТ Е МАЛ, ВАЖНО Е ШТО Е НАПРЕД“ – КУСО ИНТЕРВЈУ СО Д-Р КАМЕЛИЈА СИМЕОНОВА
- Која е главната точка што ја поврзува Камелија како личност и Камелија како лекарка?
К.С.: Главната точка е човечноста. И како личност и како доктор, верувам дека зад секое однесување има приказна што заслужува да биде слушната.
- Колку често се случува и Камелија да научи нешто за себе преку помагање на другите?
К.С.: Тоа се случува, и не е нешто што ѝ е туѓо на терапијата. Терапевтскиот процес е жив однос во кој и терапевтот постојано учи – за другите, но и за себе.
- Колку беше различно да се пишува за твојата професионална дејност наспроти нејзината примена во пракса?
К.С.: Текстот помага да разбереме. Праксата е патоказ.
- Една филозофија/мисла што те води и во приватниот и во професионалниот живот?
К.С.: И кога чекорот е мал, важно е што е напред.