КАКО ДА СЕ МОТИВИРАТЕ СЕБЕСИ И ДРУГИТЕ?

КАКО ДА СЕ МОТИВИРАТЕ СЕБЕСИ И ДРУГИТЕ?

Успехот никогаш не е една цел. Тој мора да е постојан. Токму затоа секоја година ни е потребна нова мотивација. Со секој нов месец чекориме напред кон нови цели и успеси.

Професионалниот развој се остварува доколку постои личен развој. Затоа, ви предлагаме неколку совети за тоа како да се мотивирате себеси, или да поттикнете промени кај другите.

Читајте книги што ќе ве поттикнат на самоанализа

Преку книгите кои нè нурнуваат подлабоко во себе успеваме да си го запознаеме сопствениот карактер. Гледајте на својот внатрешен глас како на ваш соговорник и пријател. „Запознај се себеси и другите“ од Штефани Штал или „Завладејте со своите емоции“ од Тибо Морис се одличен пример за книги кои поттикнуваат на анализа на нашите реакции, што во голема мера го одредуваат нашиот карактер. Ако добро се познаваме себеси, тогаш полесно можеме да комуницираме со другите, а односите со другите сочинуваат огромен дел од патот до успехот.

Бидете конструктивни

Ако знаете како да реагирате на грешките, можете да ги преобразите во можности. Всушност, грешките се одлична прилика да научите нешто корисно и да се докажете. Тие се дел од успехот. Читајќи ги книгите во кои се среќавате со многу успешни луѓе кои се издигнале од ништо, ќе увидите колкупати тие се соочиле со своите грешки и пропусти. Но секогаш ги користеле како поттик за подобрување. Автобиографските приказни за успехот како што се „Бидете полезни“ од Арнолд Шварценегер или „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Киосаки се полн погодок.

Погледот нагоре, а нозете цврсто на земја

Секогаш имајте повисоки цели од очекувањата. Многумина знаат кој е нивниот сон. Но некои од нас не се пронаоѓаат во позицијата во којашто се во моментот, а тоа екстемно влијае врз нашата мотивација. Ако гледате дека немате волја да го правите она што треба да го правите, ако вашите вработени или луѓето околу вас немаат волја за својата работа, тоа значи дека недостига една клучна состојка што го прави животот повозбудлив – амбиција. Амбицијата е желба која лесно се разгорува ако срцето и разумот се на иста фреквенција.

Менаџирање со времето

Времето е едно и не се менува. Бесмислено е да го обвинуваме дека брзо минува, дека не ни е доволно, или да посакуваме да го запреме. Ние ја имаме моќта да го искористиме максимално она што ни е дадено. Ако ги следиме добрите совети на Робин Шарма во неговиот бестселер „Клубот 5 наутро“ или, пак, практичните чекори до успехот на Наполеон Хил, тогаш многу брзо ќе влеземе во шемата што ќе ни помогне да управуваме ние со времето, наместо тоа со нас.

Бидете свесни дека иднината е во ваши раце и испланирајте ја чекор по чекор

Штом еднаш ќе увидите дека умеете да го контролирате својот успех, тогаш веќе сè ќе биде поинаку. Но будењето на оваа свест понекогаш знае да биде тешко и бавно. Со вистинската книга во раце, дел по дел, како сложувалка ќе ја склопите вашата визија. Јасна визија е веќе половина остварена цел. А истото важи и за планот. Секогаш имајте го на ум конкретниот план за тоа како да ја остварите целта. „Мои финансии“ е одличен водич за луѓето кои се подготвени за големи предизвици.

Ако овие совети ви беа од помош, или ако во нив препознавате можност да се мотивирате себе, блиските луѓе или вашите вработени, разгледајте го каталогот TУКА и обратете ни се за да ви помогнеме во едногласната мисија наречена успех.

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново