НАЈЧИТАНИ ЗА 2023: КНИГИ ЗА САМОПОМОШ

НАЈЧИТАНИ ЗА 2023: КНИГИ ЗА САМОПОМОШ

Секогаш добредојдени за разумна и духовна рамнотежа – книги за самопомош. Овие книги се најбараните и најчитаните во текот на 2023 година. 

Ние дефинитивно ќе ја паметиме годината по нив. Дали благодарение на некој од овие наслови 2023 ви стана пресвртна година во животот?

Која книга беше клучот што ви ја отвори вратата кон среќата? За нас, тој клуч се овие наслови!

„Митот за нормалното“ од д-р Габор Мате

Најдобра за самоисцелување

Д-р Габор Мате оваа година беше во фокусот на многу читатели, критичари, луѓе кои се соочуваат со најразлични проблеми и трауми. Накратко, „Митот за нормалното“ не би ја означиле само како хит во најбараните книги, туку и во книгите што најмногу им помогнаа на луѓето низ светот да ја пронајдат светлината.

„Планината си ти“ од Бријана Вист

Најдобра за самопочит

Благодарение на Бријана Вист, сите сфативме колку ни влијае самосаботажата што некогаш и несвесно си ја правиме. Самите себеси можеме да си бидеме и пријател и непријател. Во наши раце е одлуката која страна ќе ја заземеме. Со помош на алатките што ги најдовме во „Планината си ти“, откривме како да си бидеме самите себеси и планина и планинар, и дека на врвот не нè чека виулица, туку убаво време.

„Завладејте со своите емоции“ од Тибо Морис

Најдобра за справување со емоциите

Емоциите се двигател во животот. Но некогаш знаат да ни бидат и кочница. Сосем се безопасни ако умееме да ги прифаќаме со раширени раце и во тој случај ни се целосна поддршка. Со оваа книга научивме како ние да раководиме со нив, наместо тие со нас. Контролата има значајна улога во нашите животи, па зошто да не ја искористиме во своја полза?

„Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители“ од Филипа Пери

Најдобра за себеприфаќање

Минатото треба да го оставаме таму каде што припаѓа. Но не смееме да го оставиме без да го прифатиме. Оваа година во центарот на интересирањето беше темата на родителството. И тоа е одличен знак за да создаваме нови генерации што ќе растат во семејства полни со љубов и слога. Но да не заборавиме дека, за да бидеме здрави родители, мораме прво да бидеме здрави личности. „Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители“ е одличен прв чекор.

„Читајте ги луѓето како книга“ од Патрик Кинг

Најдобра за говор на тело и читање мисли

Колкумина од вас станаа одлични читатели на мисли? А и говорот на телото знае да биде многу речовит со вистинската техника на читање. Оваа Нова година не замислувајте желба за да почнете да читате мисли, туку земете ја оваа книга во рацете и имајте ја неверојатната супермоќ која не постои човек кој не ја посакува!

„Престанете да размислувате прекумерно“ од Ник Трентон

Најдобра за самоанализа

Знаете ли дека 70 % од луѓето низ целиот свет ноќе не можат да заспијат затоа што прекумерно размислуваат и детално ги преразгледуваат во умот сите свои реакции од целиот ден? Прекумерното размислување може да биде вистинска пречка. Со помош на оваа одлична книга средете ги мислите и сосем отфрлете ги оние кои можат само да ви донесат загриженост и тага!

„Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ од Џадсон Бруер

Најдобра за справување со анксиозност

Многу е мал бројот на луѓето кои не се препознаваат во симптомите на анксиозни личности. Станете дел од нив и пуштете ја душата слободно да живее! Нека не ви создаваат повеќе притисок секојдневните ситуации. Вие сте многу повеќе од нив. Оваа 2023 заокружете ја со чисти и слободни мисли.

„Возрасни деца од емоционално незрели родители“од Линдзи Гибсон

Најдобра за самосоочување

Љубовта кон децата не се учи, но се учи начинот на кој можеме да им ја покажеме и докажеме таа љубов. Оваа книга не е водич само за родителите, туку и за секој човек. Со нејзина помош ние научивме како да си даваме себеси љубов, да ги излечиме раните од минатото и да не си дозволуваме да се повторат. Да го прекинеме синџирот од деца на емоционално незрели родители.

„Запознај се себеси и другите“ од Штефани Штал

Најдобра за односот кон себе и другите

Од грешките се учи. Но ајде да не учиме повеќе од туѓите грешки. Знаете ли дека шансите за среќен живот се многу поголеми доколку се познаваме себеси? А уште повеќе кога ги познаваме и другите. Со помош на одличниот тест на личноста од една од најпознатите светски психолози, ќе научиме каде и како да реагираме, со кои луѓе треба да сме блиски или како да одржуваме здрави односи со лицата кои ни значат.

Каков книжевен времеплов беше ова! И каква прекрасна година беше 2023 – да ја закитиме и следната со вакви водичи за среќен и светол живот.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново