ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА – ЛЕТО СО МИРИС НА КНИГИ
Земи здив – и почувствувај го најприсутниот мирис ова лето. Мирисот на нови и возбудливи приказни, на свежи и актуелни наслови што пристигаат на нашиот Летен фестивал на книгата, токму навреме за почеток на уште едно спокојно лето. Спокој длабок колку океан и колку значењето на зборовите.
Во книжарниците, книгите го осветлуваат воздухот. Од нив зрачат приказни неопходни за патување. Во нив ќе те пречекаат понуди на кои не можеш да им одолееш – зашто заслужуваш да имаш што е можно повeќе книги во куферот.
Од 21 јуни, па сè до 21 август, ви најавуваме големи попусти, наградни игри, настани и ексклузивни нови изданија од домашната и светската книжевна сцена, наслови како „Надвор од редот“ од Џордан Питерсон, „Пчеларот од Алепо“ од Кристи Лефтери, „Половината што ми недостига“ од Брит Бенет, „Пачинко“ од Мин Чин Ли, „Трагачот“ од Тана Френч, сосема нов ПланУМ, како и нови книги од Рафаела Жордано, Ањес Мартен-Лиган, Малком Гладвел, Ерик Емануел Шмит, Харуки Мураками, Брајан Трејси, Дејл Карнеги.
Летниот ветер ќе ги донесе најдобрите наслови и на виртуелните полици на kniga.mk – попустите до 50 % ќе важат и онлајн и ќе бидат достапни од секаде и во секое време!
Разгледај го фестивалскиот каталог и уживај во летото со мирисот на добри приказни! – https://bit.ly/3gSWqVZ