ФРАНСЕСК МИРАЛЈЕС ОДГОВАРА: КАКО ЦЕЛОСНО ДА ГО ЖИВЕЕМЕ СЕКОЈ МИГ?

ФРАНСЕСК МИРАЛЈЕС ОДГОВАРА: КАКО ЦЕЛОСНО ДА ГО ЖИВЕЕМЕ СЕКОЈ МИГ?

Ви зборувавме за пронаоѓањето на вашето икигаи. Успеавте ли да го најдете? Полека почнавте да го скротувате копнежот по смислата на живеењето и таа почна да станува сè поопиплива. Време е да се посветите на секој миг. Овој пат го прашавме Миралјес за ичиго-ичие, а одговорите на сите прашања кои како меки облаци ќе надвиснат над вас по читањето на оваа статија, ќе ги пронајдете во книгата „Ичиго-ичие“. По дождот следува виножито.

Вашата книга „Ичиго-ичие“ е за тоа секој момент да се живее свесно. Што е ичиго-ичие?

Како и икигаи, ичиго-ичие е јапонски израз кој не може точно да се преведе. Икигаи се состои од два збора: „ики“, што значи живот, и „гаи“, што значи вредно да се направи. Па оттаму икигаи би значело живот вреден за живеење.

Ичиго-ичие е израз што се користи во традиционалните јапонски куќи за чај, кој значи „еден момент, една можност“, но всушност значи: Она што го живееме сега нема да се повтори. Моментот нема да се врати. Затоа, ако сме сосем присутни во овој момент, ќе создадеме прекрасни спомени за иднината.

Ичиго-ичие не е исто што и карпе дием, нели?

Не. Карпе дием е повеќе како изрека со значење ќе умреме, па можеме сѐ да направиме, можеме да се опиеме, можеме да јадеме колку сакаме... Поентата на карпе дием е да направиме сѐ денес, зашто може да умреме утре. Не е нужно балансиран пристап кон живеењето. Ичиго-ичие  е нешто подуховно. Тоа е повик да бидеме свесни дека живееме овде и сега, и дека ако го изгубиме овој момент, оваа можност, ќе го изгубиме засекогаш, не можеме да имаме уште еден таков момент. Затоа бидете свесни кога се запознавате со други луѓе или кога се запознавате со себе.

Можете да ни дадете неколку совети како да живееме свесно или да живееме во моментот?

За да доживеете ичиго-ичие, избегнувајте повеќе задачи одеднаш. Проблемот е во тоа што сакаме да направиме толку многу работи одеднаш. Одите по улица и одговарате на Месинџер или на Ватсап. Не ја гледате другата личност, не го гледате небото, не гледате што се случува околу вас. Дури и кога се сретнуваме со некого нашето внимание е насочено кон мобилниот телефон. Влијае врз нашето внимание и свесност. Сигурен начин да го искусиме ичиго-ичие е да правиме само една работа во еден миг, со целото наше срце.

Во современиот свет преполн со најразлични уреди и известувања, како да избегнеме одвлекување на вниманието?

Не дозволувајте уредите да ве контролираат, вие контролирајте ги нив. Бидете дисциплинирани. Имајте распоред. Мајсторите на креативноста препорачуваат кога ќе се разбудите наутро да не трчате да ја проверувате електронската пошта, зашто кога се ангажирате околу работи што можете да ги направите подоцна, ја користите најголемата енергија за работите што може да почекаат. Во првите неколку часа направете го она што е најважно. И не заборавајте да ги затворите уредите или да ги ставите настрана и да уживате во вистинскиот живот.

Медитацијата е една од работите што ги препорачувате. Дали медитирате?

Јас многу применувам медитација. Не применувам толку традиционална медитација, нервозна личност сум. Направив неколку отстапки и слично. Но што и да правам, го правам целосно свесен. Па дури и кога свирам на своето пијано цел час, тоа е еден час медитирање зашто сум целосно свесен и присутен. Исто така, уживам во  она што Јапонците го нарекуваат зелена бања (или капење во шума на англиски – здрави практики за поврзување со природата чија цел е подобрување на благосостојбата, ослободување од стресот и релаксација.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново