ЛИДИЈА ДИМКОВСКА: СЛОБОДАТА Е НАЈСКАПОЦЕНОТО НЕШТО ШТО МОЖЕ ДА ГО ПОСЕДУВА ЧОВЕКОТ
Три именки што те опишуваат како човек.
Набљудувачка, патничка, читателка.
Што е најскапоценото нешто што може да го поседува човекот?
Слободата.
Дефиниција за слободата.
Љубов, црно на бело.
Домот – простор, себство или друг човек?
Внатрешна соба.
Што е најголемата предност на денешницата?
За жал, не можам да ја најдам.
Автори на кои секогаш ќе се навраќаш?
Марина Цветаева, Оливера Николова, Пер Петерсон, Блаже Конески, Достоевски, Анџела Маринеску....
Пишување во тишина или метеж?
И во тишина и во метеж. Пишувањето е посилно и од вревата и од штамата.
Опиши ни го процесот низ кој минуваш додека да излезе книгата од печат.
Будење од сон: Да не заборавив нешто? Да не требаше поинаку?
Кога би можела да ги оживееш своите ликови, со кого би сакала да се сретнеш?
Со Злата и Сребра, со Богдан, со Дарко, со баба Недјељка, со Лила, со Едлира, со Џозеф, со Кате, со Никос, со Хасан, и со сите поетски ликови од моите песни.
Кога би морала да бираш кое чувство би сакала да го чувствуваш до крајот на животот?
Полетност.