КНИГИ ШТО СЕ ЕХО НА ЕКОЛОШКОТО СОЗНАНИЕ

Во срцето на иницијативата „Зелени страници“ стојат две исклучителни книжевни дела кои на различни, но длабоко човечки начини, ги отелотворуваат прашањата што ги отвора современата еколошка реалност.
„Млечни заби“ од Хелена Букоски е интимен, атмосферичен роман што го замислува светот по климатска катастрофа. Тој не само што ја истражува загубата и изолацијата, туку ја нагласува и потребата од грижа – за другиот, за природата, за иднината. Со својата нежна, а сепак остра перспектива, романот е повик за будење на емпатијата и еколошката свест во време на несигурност.
„Големите пространства“ од Катрин Мерис пак, преку детска перспектива нè потсетува колку е длабока нашата вродена врска со природата. Преку топли, визуелно моќни слики и наратив исполнет со носталгија, ова дело зборува за зачуваното и изгубеното, за потребата повторно да научиме да гледаме, да чувствуваме и да почитуваме.
Овие две книги не се само тематски усогласени со вредностите на иницијативата – тие се нејзиниот емотивен и естетски темел. Тие ни покажуваат дека еколошката свест не мора да биде декларативна, таа може да биде раскажана, почувствувана и доживеана – страница по страница.
Преку „Млечни заби“ и „Големите пространства“, иницијативата „Зелени страници“ го гради мостот меѓу книжевната уметност и еколошката етика – таму каде што приказните не само што се читаат, туку се претвораат во искра за лична и колективна трансформација.
Токму преку овие наративи, ја потсетуваме публиката дека секој избор – и книжевен и животен – е можност да се биде дел од промената. Читањето станува чин на одговорност, а литературата – сојузник во грижата за светот што го споделуваме.