ПРЕДЛОЗИ ЗА СИТЕ МОЌНИ ЖЕНИ: КОЈА ПРИКАЗНА ЗА КОЈА ХЕРОИНА?
Секоја жена постои на светот како таква затоа што имала доволно храброст да биде жена. Во нив е сместена неисцрпна инспирација, па затоа авторките со своите зборови маѓепсуваат. Неслучајно некоја од нив уште одамна кажала дека онаму каде што има жена, има и магија.
Ние се грижиме за зборот на жената – да стигне до што е можно повеќе читатели и да биде вреднуван онака како што заслужува. Затоа, на нашите полици со посебна нежност ги сместуваме книгите од големите авторки, кои ви ги препорачуваме да им ги подарите на жените што ви значат во животот.
Таа е моќна
Моќта е нешто што се препознава од еден поглед, дури и во најнежните женски очи. Таа е израз на цврстина, но цврстината е поврзана со карактерот, со духовната мисија што ја носиме во себе, со книгите што ги имаме прочитано, со книгата што секојдневно ја пишуваме, а не со првата асоцијација што ја имаме на ум. На моќната жена, на која од очите ѝ светка сигурност и одлучност, подари ѝ ги зборовите на Итаф Рам од „Жената не е маж“ и со тоа придонеси да се гордее со себе. Или, пак, „Ми велеа дека сум пречувствителна“ од Федерика Боско, за да ѝ кажеш дека нејзината чувствителност е она што ја прави моќна.
Таа е храбра
Храбра е секоја жена. И секоја жена во срцето близу храброста треба да ги смести книгите на Елиф Шафак, извонредната авторка што никогаш не заборава да ја велича силата на жената. „Четириесет правила на љубовта“ или „10 минути и 38 секунди“ – нема да згрешите која и да ја изберете. И како што вели самата Шафак: „Биди благодарна за секој трн што ќе ти го фрлат другите. Тоа е знак дека наскоро ќе бидеш опсипана со рози“. Токму така, жената секогаш ќе биде наградена за својата упорност. Таа трњата може да ги претвори рози.
Таа е страстен читател
Секоја жена во себе негува читател. Зашто сè што прави, прави со љубов. Така, ако твојата љубена, мајка, сестра, пријателка е вљубеник во книгите, обезбеди ѝ ги сите нови прекрасни наслови, какви што се „Клара и сонцето“ од Казуо Ишигуро или „Пред да се излади кафето“ од Тошиказу Кавагучи. Измами ѝ насмевка, таа го заслужува тоа.
Таа е инспирација
Затоа дарувај ѝ инспиративни зборови – како оние на Винка Саздова во „Полиња со диви нарциси“ или „Вилино“. Или инспирирај ја онака како што Рафаела Жордано ги мотивира читателите во извонредната „Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“.
И секојдневно потсетувајте се: жените кои сонуваат – читаат. Жените кои сонуваат и читаат се оние кои ја имаат моќта да го сменат светот!