„СТАРЕЦОТ ШТО САДЕШЕ УРМИ“ – ПОУЧНА ПРИКАЗНА ЗА ЖИВОТОТ

„СТАРЕЦОТ ШТО САДЕШЕ УРМИ“ – ПОУЧНА ПРИКАЗНА ЗА ЖИВОТОТ

Кога секој би го ставил другиот пред себеси, светот би бил сосема поинаков. Почни од денес! Создавај нешто што ќе биде вредно за чување. Прочитај книга што е вредна за читање – прочитај книга од Хорхе Букај.

Разбери ја приказната за старецот што садел урми, а потоа нурни се во морето од поучни приказни во „Ајде да ти раскажам“. И почни да градиш куќа под чиј покрив можеби нема да живееш, ама ќе засолниш многумина. 

„СТАРЕЦОТ ШТО САДЕШЕ УРМИ“

Стариот Елијах бил клекнат крај палмите во една оаза, скриена во најоддалечените делови на пустината.

До оазата се приближил за да ги напои своите камили неговиот сосед Хаким – богат трговец, и видел како Елијах, сиот облеан во пот, копа во песокот.

– Како е, стари? Мир на твојата душа.

– И на твојата – одвратил Елијах и продолжил да копа.

– Што правиш тука во таа жега со лопатата во раце?

– Садам – одговорил старецот.

– Што садиш, Елијах?

– Урми – рекол тој и му ја покажал шумичката од палми покрај него.

– Урми! – повторил неговиот сосед. И подзамижал со очите како човек кој ја прифаќа најголемата глупост на светот со разбирање. – Мозокот ти зоврел од жегата, скапоцен пријателе. Ела, остави го тоа и да одиме да пивнеме нешто во шаторот.

– Не, треба да завршам со садењето. После, ако сакаш, ќе пивнеме...

– Кажи ми, стари, колку години имаш?

– Не знам... Шеесет, седумдесет, осумдесет... Не знам... сум заборавил. Но какво значење има тоа?

– Глеј, пријателе. На урмите им требаат повеќе од педесет години да израснат и дури кога ќе станат големи палми можат да дадат плод. Знаеш дека не ти сакам лошо. Да се надеваме дека ќе живееш сто години, но нели разбираш дека е тешко да го дочекаш родот од нешто што го садиш сега. Остави сѐ и дојди со мене.

– Слушај, Хаким. Јас јадев урми посадени од друг кој исто така не сметал дека ќе јаде од нив. Садам денес, за да можат утре други да ги јадат урмите што јас сум ги посадил... Дури и само во чест на тој непознат човек, вреди да си ја завршам работата.

– Добра лекција ми одржа, Елијах. Да ти се оддолжам со торбичка монети за поуката која ми ја даде денес. – И кога го рекол тоа, Хаким му подал на старецот една кожна торбичка.

– Ти благодарам за монетите, пријателу. Гледаш ли што се случува понекогаш: ми претскажуваше дека нема да го дочекам родот од тоа што го садам. И како да имаше право, ама гледаш, уште не сум свршил со садењето – веќе спечалив торба монети и признание од еден пријател.

– Твојата мудрост ме избезумува, стари. Тоа е втората голема лекција која ми ја даваш денес, и таа можеби е повредна од првата. Дозволи ми да ти се отплатам и за неа со уште една торбичка монети.

– А понекогаш се случува и така – продолжил старецот. И испружил рака, гледајќи ги двете торбички со монети.

Садев и не го чекав родот, но уште пред да сум завршил со садењето, спечалив не една, туку две награди.

– Доволно е толку, стари. Доста зборуваше. Се плашам дека ако продолжиш да ме поучуваш, целото богатство нема да ми стигне за да ти се оддолжам...

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново