ЗА ОСТРИТЕ ВРВОВИ ВО НАС

ЗА ОСТРИТЕ ВРВОВИ ВО НАС

Во последно време сè поретко ми е предизвик да зборувам со остриот јазик на политиката и наместо да се бавам со дневното мени на општеството се обидувам да слушам и да зборувам низ личните приказни на луѓето. Индивидуалната болка ми е поважна од колективните подруми. Затоа, на мојот јазик му ја давам слободата на литерарноста наместо на политиканството. Ме интересираат приказните на луѓето, нивните болки.

Одамна не ме удрило така силно… Само што ја прочитав „Образована“, книгата на Тара Вестовер, која беше прогласена за книга на годината од Здружението на американските продавачи на книги, од Епл, Вашингтон пост, Гардијан, Тајм, Њујорк пост; Фајненшл тајмс, а се најде и на списокот на омилени книги за 2018 година на Барак Обама и Бил Гејтс. Доволно причини да ја земам со сомнеж (се смее). Сепак, не ја пуштив од рака, иако ме мачеше со експлицитните сцени на страдање, меланхолија и насилство. Сè помалку „имам стомак“ за тешки сценарија, без разлика дали се книжевни или филмски дела. Мачно ми е да го визуализирам туѓото страдање можеби затоа што емпатијата ми е пуштена на стотка, па некако не успевам да се дистанцирам од болката која не е моја. Но, решена бев да ја дочитам до крај книгата на Тара, жената која беше избрана за една од 100–те највлијателни луѓе во 2019 година. Мора да има зошто, си реков и се заинаетив...


Целата колумна на Ана Јовковска можете да ја прочитате овде

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново