КНИГИ ОД ЖАНРОТ ПОПУЛАРНА ПСИХОЛОГИЈА НА КОИ СЕКОГАШ ИМ СЕ НАВРАЌАМЕ
Да си бидеш сам свој психотерапевт е една од најголемите предности во денешно време. Внатрешниот мир и менталното здравје отсекогаш биле и ќе бидат едни од најважните услови за среќен и успешен живот.
Затоа, секогаш посегнуваме кон книгите што се прирачници за тоа како да се грижиме за себе, како да се запознаеме себеси, но и да ги проучуваме човечките мисли за да може да придонесеме за среќа и во животот на другите. Книгите од жанрот популарна психологија се значајни и за сите амбициозни самоуки учители. Во оваа група книги на кои секогаш им се навраќаме ги вбројуваме и книгите за успех, што им ги имаат променето животите на многумина.
Прогласена за најзначајна бизнис-книга на сите времиња, „Мисли и збогати се“ е класика во својот жанр. Бројот на продадени примероци зборува за нејзината ефикасност, но приказните на луѓето кои ги поседуваат тие примероци се вистинскиот доказ. Оваа книга-водич за успехот е четиво што секој човек треба да го прочита неколкупати во животот.
Древната мудрост е најголемото наследство што ни го оставиле нашите предци. Во нив секогаш треба да имаме доверба. Оваа книга содржи неверојатно материјално и духовно богатство. Замислете колку големи среќници сме што сите овие мудрости ги имаме запишано во книга на која во секое време можеме да ѝ се навратиме.
Туцко и Муцко се најпознатите „човечиња“ од светот на книгите, токму затоа што се метафора за нашиот живот. Фасцинантната модерна басна „Кој го здипли моето сирење“ ќе ве научи како да се справите со неправдата и недостигот во животот, да ги изострите своите сетила, да живеете умешно. Издвојте се од толпата водејќи се според книгите што засекогаш ќе останат во тренд, зашто се непотрошни.
Дејл Карнеги е еден од најголемите познавачи на човековата природа. Во книгите на чии корици стои неговото име секогаш стојат запишани откриени тајни за човечкото однесување, тајни што ќе ви помогнат во многу области. Книгите на Карнеги се задолжителни прирачници за меѓучовечките односи, не само во професијата туку и во секојдневниот живот.
Книга што од самото објавување докажува дека лесно може да се запознаеме со својата потсвест, а откако ќе ја синхронизираме со свесноста, тогаш настануваат убавините во животот. Најинспиративниот прирачник за спознавање на човечката психа ви покажува како да ја насочите во своја полза моќта што ја чувате скриена во себе.
- „Медитации“ од Марко Аурелиј
Уште една книга со неисцрпна мудрост од еден од најголемите филозофи и владетели на светот. Книга од која учеле многу големи умови низ вековите, а сега можете да учите и вие. Марко Аурелиј, учител достоен за почит – ни нуди безвременски размисли што ќе ви помогнат да се остварите себеси во безгранични насоки.
Познат наслов, зар не? Токму со него Робин Шарма стана модерен гуру во светот на книжевноста, бизнисот и во животот на секој човек. Толку едноставен, а толку посебен. Треба да се навраќаме на приказните од Робин Шарма, зашто од нив секогаш можеме да научиме нешто ново, со чувство како да ги читаме за првпат секојпат кога ги земаме в раце.
Сите овие книги се класика во областа на популарната психологија и како такви никогаш не ја губат својата вредност. Исто како и она што ќе го стекнете и што ќе го оставите по себе со сите овие прочитани книги!