САЈМОН СИНЕК ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНАТА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

САЈМОН СИНЕК ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНАТА ФЛЕКСИБИЛНОСТ


Некои го сметале за луд. Почнал да ги ликвидира своите средства и да го распродава имотот. Го искористил своето животно осигурување како хипотека, па дури и ги префрлил правата на свое име. Кога веќе на компанијата ѝ одело толку добро, зошто би заминал токму сега за да прави нешто сосем различно, нешто толку ризично? Но во 1952 година Волт Дизни го направил токму тоа. Не полудел. Туку покажал егзистенцијална флексибилност.

Волт Дизни бил познат по преземањето ризици и правењето нови работи.

Како млад уметник кој работел во новото поле на анимацијата, Дизни бил постојано иновативен. Бил меѓу првите што правел кратки филмови во кои вистински актери комуницирале со цртани ликови. Во 1928 година бил првиот кој направил цртан филм со синхронизиран звук, во анимираната класика Паробродот Вили. Незадоволен од создавањето само на забавни кратки филмови за засмевање на публиката, Дизни се обидел да направи анимиран филм кој би бил веродостојна замена за реалноста. Таков што ќе може да го покаже целиот опсег на човековите емоции. И во 1973 година го објави првиот долгометражен анимиран филм – Снежана и седумте џуџиња. Светот никогаш немал видено нешто како Снежана.

Оваа еволуција во работата на Дизни не била резултат на експериментирање само заради експериментирање. Ниту била водена од желбата да стане богат или славен. Со секој чекор Дизни ја унапредувал својата оправдана цел поканувајќи ја публиката да ги остави зад себе стресот и животните грижи и да влезе во поидиличниот свет на неговата креација.


Извадокот е од „Бесконечна игра“ на Сајмон Синек


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново