ЧОВЕКОТ ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ

ЧОВЕКОТ ШТО ПЛАЧЕ ОД СМЕЕЊЕ

Во првата деценија на овој век требаше да им помогнам на манекенките да се смешкаат на фотографиите за козметичките производи на Идеал. А во втората деценија на XXI век бев задолжен со смеа да ги расположувам слушателите на државното радио заглавени во сообраќајниот застој на обиколницата што и самата се врти околу себе. 

Откако поттикнав кај потрошувачите желба да купуваат работи што не им требаат и откако потоа ги наведов хетеросексуалците да посакуваат жени што не постојат, сега требаше да ги развеселувам возачите за да ги наведам да го заборават распаѓањето на францускиот општествен модел. Кога ќе се собере сè, сите мои досегашни професии би можело да бидат сведени под едно име: илузионист. Животот му го посветив на комуницирањето, што значи, на лажењето. 

Луѓето што работат во комуникациите не произведуваат ништо, не создаваат никакво дело, не го менуваат светот, туку го разубавуваат, го прават прифатлив, го прават полесен за варење. Таа стерилност нè нагризува и на крајот нè претвора во бедни мивки, во зомбија што се пореваат покрај антрацитните базени, што се качуваат во уберот со затемнети стакла или излегуваат од него, виновни затоа што не сме направиле ништо за планетата, освен што селективно го фрламе отпадот, пред да станеме и ние отпад.


Извадокот е од„Човек што плаче од смеење“, од Фредерик Бегбеде


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново