СВЕСТ ЗА ПОЗИТИВНОТО РОДИТЕЛСТВО

СВЕСТ ЗА ПОЗИТИВНОТО РОДИТЕЛСТВО

Христина Стефановска, психолог и автор на литература за деца

Карл Густав Јунг рекол „Ако сакаме да промениме нешто кај децата, треба да провериме дали тоа нешто треба да го промениме кај нас самите“.

Тоа е така затоа што децата во своето однесување не се угледуваат на она што им го зборуваме, туку на она што го правиме. Кога-тогаш тие ќе го имитираат однесувањето на родителите, ако не во сегашниот момент, тогаш во иднина.

Позитивното родителство бара свесност за начинот на кој разговараме со себе и свесност за сопственото психо-физичко доживување, како и за доживувањата на детето. Свесното родителство значи дека умееме да владееме со сопствените чувства, а со тоа умееме и да ги уважуваме, валидираме и насочуваме чувствата на детето за да се почувствува тоа видено и слушнато.

Кога станувате родител почнувате да градите врска со вашето дете. Таа поврзаност ќе бара начини како соодветно да се негува и зацврстува со секоја наредна година. Сите родители прават грешки и тоа е во ред, не се раѓаме со упатство за родителство, но поправањето на тие грешки е поважно и од самата грешка.

Затоа во родителството понекогаш имаме потреба да се потпреме на нешто, нешто што ќе ја поткрене родителската самодоверба и моќ. Некогаш тоа може да биде книга за родителство, а некогаш може да биде родителско советување со психолог.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново