ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ ШТО ЌЕ ГИ ЧИТАМЕ НАСКОРО

ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ ШТО ЌЕ ГИ ЧИТАМЕ НАСКОРО

Книжарниците, домовите полни со полици и книги, библиотеките – сите тие ноќе заживуваат затоа што сите ликови излегуваат од кориците. Ве наросуваат со поуките од нивните приказни, со тајните од нивните лекции за животот и збогатувањето, со мистериите што ги разрешуваат.

Колку повеќе книги имате на полиците и во срцата, толку повеќе среќа и мудрост ќе чувствувате наутро. Погледнете со кои книги наскоро ќе ги збогатиме полиците и срцата и на што ќе нè научат тие.

Ајде да читаме небаре во оваа 2023 треба да ги исчитаме сите книги на светот! 

„Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски

Петте клучни прашања за да добиете добра драма и добар живот: што, кога, каде, како и зошто? Прирачник и за добра драма и за добар живот. Горан Стефановски е еден од најистакнатите драматурзи во македонската историја. Вљубен во македонскиот јазик, литературата, во животот и во поучувањето, секогаш несебично ги учеше своите студенти, сите гледачи, сите присутни во неговиот живот на тајните на пишувањето и постоењето. Оваа книга е прирачник за пишување, но ако доволно се задлабочите во неа, тогаш е и водич за животот.

 

Мои финансии

Сте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? Лекциите што ќе ги најдете на овој профил веќе им помогнаа на многумина да се стекнат со потребото знаење за подобро управување со парите. А овој планер е најдоброто нешто што може да ѝ се случи на вашата сметка во оваа 2023 година. Планерот не е датумиран, па можете да го започнете кога и да се чувствувате подготвени. 

„Лебарки“ од Ју Несбе

Го читавме првиот дел од серијалот за Хари Хуле и го решивме неговиот прв детективски случај во „Лилјакот“. Сега е време да се префрлиме на вториот случај и да ги следиме сите траги. Нема крај на љубопитноста на синоокиот и остроумен Хуле и начинот на кој пишува Ју Несбе. Не можете да останете рамнодушни, а богами, ниту сигурни во светот по читањето на овие книги. Не плашете се, тоа е само знак за добар трилер. Но во секој случај, оставете ја вклучена светилката откако ќе се впуштите во „Лебарки“.

 

„Моќта на позитивното не“ од Вилијам Јури

Да знаете што не сакате понекогаш е позначајно од тоа да знаете што сакате. Исто така, многу често знаењето кога да се каже Не ќе придонесе да дојдете до многу подобро да. Тајната на кажувањето позитивно Не може да ви го промени животот. Оваа книга со практични совети и чекори ќе ви го каже начинот како тоа може да стане најголемото Да на среќата.

 

„Богато дете, паметно дете“ од Роберт Киосаки и Шерон Лехтер

Вооружете го своето дете со финансиско предзнаење! Управувањето со финансиите не е нешто што се учи на училиште или, пак, што се наследува. Благодарение на богатиот татко на својот пријател, Роберт Киосаки научил сè што треба да знае за да стане богат човек. Значајно е да се биде паметно дете за да се знае како да се искористат добиените поуки. Оваа книга ќе ве научи како да бидете разумни возрасни и како да ги научите децата да имаат стабилна финансиска иднина, а со тоа и сигурен живот.

 

„Квадрантот на протокот на парите“ од Роберт Киосаки и Шерон Лехтер

И уште нешто од Роберт Киосаки што го обиколи светот и секојдневно инспирира и подучува со една од најпродаваните бизнис-книги во светот – „Богат татко, сиромашен татко“. Парите не се животот, но животот е поинаков кога не мислите на нив. Не оценувајте го успехот со финансиите, но сепак тие се добар предзнак за тоа. Верувајте им на оние кои успеале и запрашајте се зошто не би успеале и вие исто колку нив!

 

„Слобода од познатото“ од Кришнамурти

Како да се ослободите од измачувањето што ви го наметнуваат очекувањата? Кришнамурти, преку будизмот и источните верувања, ќе ви ја покаже вратата кон преобразбата без разлика каде и да сте во овој момент во животот. Секое време е време за промена, а таа е сигурна ако ги имате вистинските книги крај себе. Не плашете се од непознатото и ослободете се од познатото кое ве задушува. Дишете со полни гради – животот е убав.

 

Додека сите зборуваат за тоа дека сакаат да бидат среќни и успешни, вие направете го тоа. Сè што е потребно е да ЧИТАТЕ. 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново