ОД ДНЕВНИКОТ НА ЉУБИНКА ДАМЈАНОВИЌ

ОД ДНЕВНИКОТ НА ЉУБИНКА ДАМЈАНОВИЌ
Време е за нашата омилена рубрика! Записите од дневниците на нашите читатели. Љубинка ја читаше „Хартиената палата“ од Миранда Каули Хелер и ги запиша своите впечатоци, трудејќи се да не ви открие премногу. Прочитај ја и ти, а потоа и ти раскажи ни. Продолжи ја приказната. Зар не е вистина дека една книга постои сè дури има читатели? Нашите живеат вечно.

Хартиената палата“ од Миранда Каули Хелер е книга за читање на одмор... Одлична! 

 Иако во неа се соочуваме со многу психопатологија во вид на инцест, силување, смрт во кругот на семејствата, има и толку нишки проткаени со неисцрпна љубов на сестрите Ана и Ел, пријателството на Ел со Џонас, сигурната љубов на Ел со Питер, трагичната личност Конрад, кој иако има негативни особини, очајно посакува да биде сакан од мајката која се откажала од него и бара одобрување и поддршка од татко си Лео, што не ги добива... Едрењето и елечето за спасување кое не е подадено навреме... 

 Што би било, кога би било...

Книгата е волшебна, не те остава да ја занемариш и те тера да ја довршиш што поскоро... Описот на пејзажите е незаборавен, како предел насликан на платно на кое му се восхитуваш.... Освојува и пораката дека колку и да сакаме да ги заштитиме своите деца, ние како родители не успеваме секогаш во тоа, па тие се оставени сами да се справуваат со последиците на траумите од детството... 

Топла препорака за списокот за книги за на плажа.


П. С.: Ако и ти си страстен читател на ТРИ, ја цениме твојата верност. Пиши ни, ги очекуваме твоите размислувања за прочитаните книги, а ти очекувај ја нашата награда. Во меѓувреме ти праќаме многу благи зборови!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново