7 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА „ГОЛЕМИОТ ГЕТСБИ“

7 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА „ГОЛЕМИОТ ГЕТСБИ“

Зар има некој кој не слушнал за господинот Гетсби? Ликот од ремек-делото на Френсис Скот Фицџералд е еден од најпознатите ликови на светот. А романот во кој е опишан е класика која се препрочитува многупати.

Биографијата на Фицџералд е мошне интересна. Живот му бил исполнет со перипетии што ги прават неговите романи повеќе од реални. Тој ја пресликал на хартија својата стварност, која е сведоштво за вредностите и маните на тогашното општество, а неговата критика кон нив се чини како сè уште да е валидна.

За сите љубопитници, еве неколку интересни факти за Фицџералд и неговиот незаборавен лик. Уживајте во нив и во секоја реченица од „Големиот Гетсби“.

Се верува дека ликот на Гетсби е инспириран од вистински познајник на Фицџералд

Еден проучувач на биографијата на Фицџералд нашол писмо од неговиот познајник Макс Герлах, во кое пишувало: „Овде сум на неколку дена. Како сте ти и семејството, пријателче?“ Ова обраќање звучи познато, зар не? Пријателче е обележје на ликот на Гетсби, со што Фицџералд сакал да ги долови минатото и ексцентричноста на ликот. 


Повеќето ликови со сигурност се инспирирани од пријатели и љубовници на Фицџералд

Како, на пример, Дејзи, големата љубов на Гетсби! Прототип на Дејзи е Џиневра Кинг, за која се смета дека била најзначајната љубов на Фицџералд (неуспешна поради разликата во класите). И покрај инспирацијата за ликот, тој ѝ ја посветува оваа книга на својата сопруга Зелда. 


„Големиот Гетсби“ не му бил прв избор за наслов на авторот

Се размислувал за „Трималчион“, „Трималчион во Вест Ег“, „На пат до Вест Ег“, „Под црвено, бело и сино“, „Гетсби со златната шапка“. Вест Ег е местото во кое живее Гетсби со нараторот, Ник.

Иако најдраг му бил насловот „Трималчион“, пријателите го премислиле

Трималчион е лик од романот „Сатирикон“ од Петрониј Арбитер когошто го имаат искористено многу големи автори, меѓу кои Иго, Ловкрафт и Милер, но пријателите го убедиле дека тоа не му е добра идеја. На крајот, можеби идејата и навистина не му била добра, зашто сегашниот наслов е генијален! 

На Фицџералд толку многу му се допаднала корицата што додал описи во книгата за очите на Дејзи

Кога Френсис Кугат ја изработил сликата што е на корицата на „Големиот Гетсби“, на Фицџералд толку му се допаднала што додал описи за очите на Дејзи токму како што ги доживеал на цртежот. Во едно писмо од 1924 година, го молел уредникот да не ја дава сликата на друг и да ја зачува за него, бидејќи веќе ја внел во својот ракопис. 


Поетот чии стихови го отвораат романот не постои

Томас Парк Д’Инвилиј е измислен лик од романот на Фицџералд „Оваа страна на рајот“. Почетните стихови се, всушност, на самиот Фицџералд и гласат: Ако така ја придобиеш, натни го златниот шешир; дари ѝ тајни морски длабини и златни ливади, биди за неа тој сè дур’ не викне: „Љубов моја дарежлива, со тој златен шешир, мора да си мој!“

На почетокот, овој роман бил неуспешен

Пред да стане една од најпознатите книги на светот, „Големиот Гетсби“ била разочарувачка за Фицџералд. Тој верувал дека причината за тоа е што нема силна протагонистка. Сметал дека во тој период имало повеќе читателки и дека тие не можат да се пронајдат во неговиот роман. За жал, не успеал да ја доживее неговата подоцнежна слава.



Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново