РУТИНАТА НА ЉУБОВНОТО МИНСКО ПОЛЕ

РУТИНАТА НА ЉУБОВНОТО МИНСКО ПОЛЕ

Пишува: Ана Јовковска

Инспирирана од ВАБИ-САБИ од Франсеск Миралјес

Некој го остава партнерот зашто сака да биде сам, прекуглава му е од домашни расправии кои се претвориле во саундтрак на неговото секојдневие. По осумгодишната врска се отвора нов прозорец на љубовта... Упс... има тука нешто провокативно за мене. На оваа реченица ми се отвори книгата Ваби-саби од Франсеск Миралјес кога првпат ја фатив в рака. Мачките на корицата ме потсетија на еден украс што мојата другарка пред три години ми го донесе од Јапонија. Ми стои во библиотеката над телевизорот. Тоа е мачката Манеки-неко или мачката на среќата – симбол од јапонската митологија (иако не сум суеверна, сакам да верувам дека ми носи среќа). Насловот ми ја скокотна љубопитноста. Ваби-саби се однесува на убавината на она што е несовршено и минливо. Јапонска филозофија за совршено несовршенство! Овој концепт, како и многу други нешта во јапонската култура, е инспириран од набљудувањето на природата. Во природата ништо не е совршено, особено не како што ја сфаќаме совршеноста на Западот. Ваби значи „тагата на немаштијата“. Но во случајов се однесува на еден став кон животот со кој човек се откажува од тешките услови и учи да пронајде мир и духовна смиреност.

И додека Миралјес пишува за нејзиното отсуство, јас во оваа книга го пронајдов своето присуство. Некој може да се трогне од набљудувањето на еден цвет во стара бамбусова вазна, а некој може да остане заглавен во навиките, во рутината на љубовното минско поле. Kога налетав на сентенцата: „Јас сум повеќе старомоден тип што плаче слушајќи го Бах, отколку рокер што им се препушта на дрогите за да ги заборави несреќните љубови“, решив да ѕирнам подлабоко во редовите на Ваби-саби. Неодамна излезе и новата книга на Франсеск Миралјес и Ектор Гарсија – Ичиго-ичие, па пред да ѝ се фрлам со голема сласт, одвоив дваесетина убави мисли од шпанскиот писател чии дела Љубов со мали букви, Барселона блуз, Икигаи и други ми станаа омилени, токму поради непретенциозноста на неговото перо, различно од она на кратковидите спиритуалисти. Чудно е како додека го читам Миралјес мислите ми шетаат „лево-десно како бесно куче“, предизвикувајќи сентиментален бродолом во мене, за да почувствувам веднаш потоа неверојатен мир. Уживајте со мислите од Ваби-саби

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново