Како да одберете совршен подарок

Како да одберете совршен подарок

Најдобрите подароци се оние кои се подарени од срце – особено новогодишните, бидејќи се мотивација пред самиот почеток на една нова страница од нашиот живот. Идејата на подарувањето е да го изненадиме другиот, да му подариме нешто корисно и да му покажеме колку го познаваме.

ТРИ е вашиот водач до совршен подарок. Сè што треба да направите е да ги замените улогите, да го погледнете светот од перспективата на оној комушто му подарувате. А во тоа ќе ви помогнат и нашите насоки. 

1. Кому му подаруваш?

Партнер/ка: „Четириесет правила на љубовта“ од Елиф Шафак
Близок/блиска пријател/ка: „Приказна за оние што заминуваат и оние што остануваат“ од Елена Феранте
Колега/колешка: „Thrivity активатор“ од Фросина Денкова-Зафировска, Дејан Ваневски, Поликарп Арсеновски
Најмалите: „Азбука“ од Венко Андоновски
Родител: „Трите ќерки на Ева“ од Елиф Шафак
Себеси: „Детето во тебе мора да си го најде својот дом“ од Штефани Штал


2. Каков е неговиот карактер?

Емотивен: „Вилино“ од Винка Саздова
Организиран: „Неограничена моќ“ од Тони Робинс
Реалист: „А пропо ништо“ од Вуди Ален
Поттикнувач: „Будење на свеста“од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ
Истражувач: „Жед“ од Ју Несбе
Авантурист: „Годините кога научив да летам“  од Евгениј Хоуп


3. Што најмногу го интересира?

Себеиздигнување: „Моќта на самодовербата“ од Брајан Трејси
Политика:„Хомо Деус“ од Јувал Ноа Харари
Историја: „1984“ од Џорџ Орвел
Криминалистика: „Нож“ од Ју Несбе
Научна фантастика: „Фондација“ од Исак Асимов
Јога: „Внатрешен инженеринг“ од Садгуру

Да подариш книга значи да подариш љубов! Да подариш нови поглавја значи да најавиш успешни почетоци! 


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново