ТРИ ПРЕДЛОЗИ ОД НАШИТЕ КНИЖАРИ

ТРИ ПРЕДЛОЗИ ОД НАШИТЕ КНИЖАРИ

Ако се двоумите околу некоја книга, нашите книжари секогаш се тука да ви помогнат со изборот.

Продолжениот викенд е совршена можност за уживање во овие три предлози кои ни ги посочи нашата колешка Ивана.
Уживајте во читањето!


Убиството на командантот

1. „Убиството на Командантот“ – Харуки Мураками

Брилијантниот Мураками повторно остава без здив со својот нов роман „Убиството на Командантот“.

Книга која зборува за осаменоста, за можностите за нејзино прекинување, за уметноста и нејзиното значење и што е тоа што ја прави уметноста – уметност.

Провокативна приказна која останува да живее во вас долго време откако ќе ја прочитате, уживајќи во „чудното“ што Мураками го носи низ страниците.

Возбудливо патување низ фантастиката  на 21 век и споредните улички на Јапонија и на човековата психа.

Што кажува секое тело

2. „Што кажува секое тело“ – Џо Наваро

Сакате да станете врвен „шпион“ или пак само да ги читате луѓето како отворена книга?

Тогаш топло ви ја препорачувам „Што кажува секое тело“ – прирачник за брзо „читање“ на луѓето во кој човечката комуникација е прикажана како комплексна сложувалка, а зборовите што ги користиме се само мал дел од големата слика.

Дури и читањето на само едно поглавје од книгата ви дава веднаш применливи сознанија – лесно почнувате да ги забележувате невербалните сигнали на луѓето и да уживате во нивното одгатнување – додека нестрпливо продолжувате со читањето.

Сакам, значи постојам

3. „Сакам, значи постојам“ – Ана Јовковска

Понесена од девизата „Мислам – значи постојам“, во овој случај „Сакам, значи постојам“ – оваа книга нѐ води на едно духовно патување испреплетено со смеа, љубов, на моменти и тага, наменета да го разбуди најдоброто во секого од нас.

„Сакам, значи постојам“ е книга за сите нас коишто трагаме по најдобрата верзија од самите себе.

Ви посакувам успешно нурнување во длабочините на сопственото битие!


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново