МЕМОАРИТЕ НА ВУДИ АЛЕН ЕКСКЛУЗИВНО НА САЕМОТ НА КНИГАТА

МЕМОАРИТЕ НА ВУДИ АЛЕН ЕКСКЛУЗИВНО НА САЕМОТ НА КНИГАТА

Едно од највозбудливите изданија оваа година, долгоочекуваните мемоари на славниот и неповторлив Вуди Ален ќе ве пречекаат на штандот на ТРИ уште на првиот ден од Саемот на книгата!

Вуди Ален одлучил дека конечно е време да ја раскаже својата приказна. Затоа во овие искрени и неверојатно забавни мемоари славниот режисер, комичар, писател и глумец ширум ни ги отвора портите од својот бурен живот. Во книгата проткаена со самоиронија и остар хумор, авторот со својот уникатен стил пишува за своето детство и за патот до режисерската слава – но и за браковите, аферите, пријателствата, успесите и падовите, за прашината што се крена за неговата поранешна партнерка Фароу.

„А пропо ништо“ е приказна за животот на еден од најголемите светски уметници, навлегување под површината на неговото огромно животно и професионално искуство. Моќна книга која ќе го смени вашето мислење за Вуди Ален.

Првите страници од урнебесните мемоари на Вуди Ален прочитајте ги тука.

Од 8 септември, ексклузивно на Саемот на книгата и во книжарниците на ТРИ!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново