ЈУ НЕСБЕ – БЕСТРАШНО ПОСВЕТЕН НА МРАЧНАТА СТРАНА

ЈУ НЕСБЕ – БЕСТРАШНО ПОСВЕТЕН НА МРАЧНАТА СТРАНА

„Во ера на популизам, кога публиката ја допира само информација во траење од десетина секунди, a со развојот на социјалните мрежи книжевноста изгледа како недостоен противник, сепак верувам дека секогаш ќе постои една книга, една приказна (без разлика дали е во текст, филм или песна) која може да го промени светот“ – вели Ју Несбе, популарниот норвешки писател.

Светската книжевност и критиката ги забележаа неговите крими трилери особено потенцирајќи го аспектот на создавањето на ликовите. Критичарите го афирмираа неговиот загадочен, а вешт психолошки метод на портретирање карактери, особено затоа што во голем дел од неговите книги владее силна спрега меѓу човечката етичност и суровоста на реалноста.

Ју Несбе не е само автор, тој има и економски познавања, а е и добар музичар. Неговите книги  „Оклопно срце“, „Соломоновиот знак“, како и „Жед“, која наскоро ќе ја има на полиците на ТРИ, се само мал дел од опусот што го претставуваат неговиот богат авторски свет. Преведен е на над 40 јазици, а бележи продажба на над 33 милиони примероци од своите книги. Ју Несбе е современ Артур Конан Дојл, кој не ги крие грозните страни на човечкиот ум, проткајувајќи ги приказните со доволна доза мистерија пред нивното конечно расветлување.

Несбе дебитираше со „Лилјакот“ пред 23 години. Сега, на прагот на својата шеста деценија, овој Норвежанец не планира да се симне од престолот на трилерите. Неговиот талент не е само во можноста да создаде добра приказна, туку и да изгради цел еден свет кој е преплетен со софистицирани нишки што водат до неочекувани места. Неговиот став за криминалистичките романсиери е дека се „должни да го манипулираат својот читател“ водејќи го низ неочекувани превирања и пресврти. Ваквите „луди возења“ во книжевноста одекнуваат и доживуваат голема популарност. Бестрашната слобода со која тој ги опишува насилните, мрачни сцени се бонус атракција за гладниот читателски ум.

„Кога ќе го дознаете вистинското решение за мистеријата на злосторството, треба да го откриете во вистинско време. Ѝ давате на публиката дел од ударната вистина еден миг пред да ви стане јасно што е што. Треба да е изненадувачки и просветлувачки, никако предвидливо.“

На прашањето околу насилните сцени и дали е тешко да се обмислат и напишат, Несбе одговара:

И да и не. Бидејќи пишувам во жанр во кој традиционално насилството отсекогаш било дел, постои одредена кореографија за насилството кое го одделува од она во реалниот живот. Тоа зависи и од вас, колку вистински ќе му пристапите на жанрот. Некои клишеа ми се допаѓаат. Хари Хуле, на пример, позајмува многу од традиционалниот детективски роман, а со тоа доаѓаат и многу познати, повторливи работи. Целото раскажување се заснова врз традицијата и она што е познато.

Во декември го комплетираме серијалот за Хари Хуле со објавување на последните два дела, „Жед“ и „Нож“, кои никако не смеете да ги пропуштите!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново