Подарете инспирација за успех

Подарете инспирација за успех

Независно во која област сте вклучени, дали учите, дали барате работа или сакате да ја промените, дали сте менаџер кој развива луѓе или едноставно сакате свој личен развој, „THRIVITY АКТИВАТОР“, најновото издание на Паблишер, е книга-прирачник која ќе ви помогне брзо да напредувате на лично и професионално поле. 

„THRIVITY АКТИВАТОР“ е книга која поттикнува и создава свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил во кој бихевиоралните компетенции се препознаени како клучен фактор за успех. 

„THRIVITY АКТИВАТОР“ се базира врз 70 бихевиорални компетенции создадени како плод на заедничката работа на авторскиот тим, и претставува алатка која на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги однесе личниот и професионалниот развој во една нова димензија.

Еве што велат авторите на ова исклучително издание неопходно за личниот развој:

„THRIVITY АКТИВАТОР е созаден како резултат на нашето долгогодишно практично искуство во полето на развој на потенцијалите, како и желбата да промовираме култура на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.

Со него сакаме бихевиоралните компетенции да ги направиме достапни за сите луѓе кои веруваат во сопствениот развој или сакаат да помогнат во развојот на некој друг. Тие претставуваат збир од знаења, способности, карактеристики и начин на однесување на една личност. Нивото на развој на секоја од потребните компетенции влијаe врз ефективноста, ефикасноста и продуктивноста во извршувањето на работните обврски и задачи од страна на поединецот во една организација. Затоа е неопходен нивен развој, а THRIVITY АКТИВАТОР го нуди токму тоа. Посакуваме овој прирачник да те инспирира и да ја поттикне желбата за твој личен и професионален развој.“
Фросина, Дејан и Поли





Што се THRIVITY бихевиорални компетенции? 
Бихевиорални компетенции претставуваат збир на знаења, способности, карактеристики и начин на однесување на една личност. 
Убедени сме дека за секоја работна позиција треба да биде дефиниран збир на клучни бихевиорални компетенции. Нивото на развој на секоја од потребните компетенции влијаe врз ефективноста, ефикасноста и продуктивноста во извршувањето на работните обврски и задачи од страна на поединецот во една организација.

Наменет е за:
• луѓето кои бараат работа
• луѓето кои размислуваат за кариерен развој
• поединците кои имаат желба за личен развој
• менаџерите кои се посветени на развој на луѓето во своите тимови
• експертите од областа на човечките ресурси кои ќе сакаат да применат современ пристап во развој на луѓето
• едукаторите кои ќе ги запознаваат учениците и студентите со компетенциите, а кои ќе им бидат потребни во иднина.

Можеш да го користиш:
• кога бараш работа или сакаш да промениш работа
• за подготовка и за време на интервју за работа
• како алатка за правење план за личен и за професионален развој
• во процесот на креирање опис на работно место 
• во процесот на регрутација
• во системите за евалуација на достигнувањата и на кариерниот развој во организациите
• за едукативни цели.


Според времето потребно за развој и според областите на примена, THRIVITY бихевиоралните компетенции се поделени во 3 групи:
• Технички компетенции (18)
• Лични компетенции (21)
• Менаџерски компетенции (31) 

Секоја THRIVITY бихевиорална компетенција е разделена на 10 области, за кои се самооценувате, одредувајќи го со тоа своето ниво на развој (почетник, основно, просечно, напредно или експерт), во зависност од искуството и развојните потреби.
Успехот што ќе го постигнете со „THIRIVITY АКТИВАТОР“ е само доказ за вашата работа. Со секое ниво, вие сте еден чекор поблиску до најдобрата верзија од себеси. 

„THRIVITY АКТИВАТОР“ е инспиративен подарок за вашите вработени или деловни соработници.

Искористете ја можноста да ги наградите своите вработени или соработници со нашата понуда за компании:

Од 10 до 30 примероци: 10 % попуст или 550 ден.
Од 30 до 50 примероци: 15 % попуст или 510 ден.
Над 50 примероци: 20 % попуст или 480 денари + online тренинг сесија – Како да направите план за развој на компетенциите.


Нарачајте веднаш!
02/32 456 22
knizarnica@kniga.mk
www.kniga.mk

Краток извадок од книгата може да прочитате овде.

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново