АКО СИ ЧУВАР НА ПРИКАЗНИ – ВРАБОТИ СЕ ВО ТРИ

Дали честопати се наоѓаш изгубен меѓу полиците на книжарниците? Ако твоето срце е книжарница, ти си вистинскиот човек што го бараме.
Ако сакаш овој пат да застанеш од другата страна – да бидеш продавач и советник за читателите, тогаш овој е вистинскиот оглас за тебе!
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (книжевност се смета за предност)
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Знаење англиски јазик.
Потребни способности и вештини:
- Одлично познавање на книжевноста
- Одлични организациски способности
- Вештини на продавање
- Комуникативност, отвореност, љубезност
- Висока професионалност
- Подготвеност за работа во смени
- Заинтересираност за новитети.
Време за пријавување на огласот – до 15.3.2024 г.
Ги повикуваме заинтересираните кандидати да пратат CV на македонски јазик на: kariera@kniga.mk.