НАСКОРО - САЕМ НА КНИГА ВО СКОПЈЕ

НАСКОРО - САЕМ НА КНИГА ВО СКОПЈЕ

ДОБРА ВЕСТ – САЕМ НА КНИГАТА ВО СКОПЈЕ!


Книгата е на наша страна – сепак и оваа година ќе се одржи долгоочекуваниот Саем на книгата, со запазени мерки и на отворено!
Во овој исклучително предизвикувачки период во кој се соочуваме со затворени институции и редуцирани културни настани, ова е мала победа и можност да се биде повторно во центарот на книжевните случувања. Нашата визија е да направиме добар саем, да ги пласираме книгите што ги објавивме во меѓувреме и кои заслужуваат да стигнат до поголем број читатели и љубители на пишаниот збор.

Посетеноста и целосниот логистички концепт ќе бидат во согласност со неопходните протоколи, што значи дека безбедноста ќе биде на највисоко ниво и ќе биде регулирана според потребите. Локациите ќе бидат соодветно распоредени за да можат сите учесници да се чувствуваат удобно, но и за да можат посетителите безбедно да ги разгледаат сите штандови по направените патеки за движење.

Очекувајте наскоро дополнителни информации!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново