КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ СОВРШЕНАТА КНИГА ЗА ПОДАРОК?

КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ СОВРШЕНАТА КНИГА ЗА ПОДАРОК?

КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ СОВРШЕНАТА КНИГА ЗА ПОДАРОК?

Велат дека книгата е најдобар подарок. Но понекогаш навистина е тешко да се направи вистинскиот избор. Ви предлагаме неколку тактики за избор на вистинската книга за својот пријател.

Подарувањето книга е најдобриот начин да кажете некому дека го сакате. Освен ако книгата е лоша. Или, што е уште пострашно, ако личноста веќе ја има прочитано. Така само ѝ праќате порака во стилот „Слушај, ептен бев зафатен деновиве и искрено, немав многу време да мислам, па отрчав до книжарница после работа и ја купив првата книга што ми дојде до рака“.

Но ако успеете да ја изберете вистинската книга, таа би можела да биде најдобриот подарок што сте го купиле годинава. Ако успеете да ја изберете вистинската книга, ќе ѝ покажете на личноста на која ѝ ја подарувате дека навистина ја познавате и дека сакате да ја наградите со часови задоволство и возбуда. Исто така, тоа значи дека сте неверојатен пријател, кој можеби го заслужува истото внимание. Еве неколку предлози како да ја изберете совршената книга.

Ѕирнете им ги полиците

Важно прашање: дали вашиот пријател има голема библиотека и дали ја средил така што лесно може да забележите кои книги ги има, а кои му недостигаат? Дали, на пример, ги подредил насловите по азбучен ред или според авторите? Неуредните полици, каде што книгите се начичкани без никаков ред, нема да ни помогнат во случајов. Но доколку имате одговорен и организиран пријател, работата ви е делумно завршена – само проверете што му недостига и купете му ја таа книга.

Се разбира, доколку чита електронски книги,  тоа може да ви ја измени замислата. Ќе мора да бидете полукави ако имате пријател кој претпочита читање од телефон или таблет. Во тој случај, можете да му ја препорачате апликацијата kniga.mk и да му кажете дека го „поддржувате во читањето е-книги како добар почеток во идејата за зачувување на дрвјата“.


Подарете им помалку познато дело од автор што го обожаваат

Вашиот пријател со недели ви раскажува колку му се допаднала најновата книга на Сајмон Синек, „Бесконечна игра“ и дека би сакал да прочита уште нешто од истиот автор. Воодушевен е од неговиот начин на размислување. Вие добро знаете дека првата книга на Синек „Почни со зошто“ ќе биде одличен подарок за вашиот пријател и ќе му биде од корист во работењето.

Што се случува во живот на вашите пријатели?

Вашата пријателка повторно ќе биде деверуша. Или вашиот пријател штотуку се заљубил. Или пак се наоѓа пред некоја егзистенцијална криза. Вистинската книга би можела да му помогне да се извлече од калта – „Моќта на самодовербата“ од Брајан Трејси би му помогнала да го осознае својот потенцијал и да не се плаши од промените. Што и да им се случува во животот на вашите пријатели, секогаш постои книга што би била соодветна за периодот во кој се наоѓаат.

Подарувајќи им книга што ќе им помогне да се справат со тековната ситуација, вие им нудите повеќе од обичен подарок. Им нудите доказ за своите добри намери и искрено пријателство. На тој начин им велите: „Другар, животот е долго патување на кое тргнувам со тебе вооружен. Само што наместо пиштол носам книга, исполнета со мудрости што ќе ти го спасат животот.“  Затоа – подарете им ја „Живот, љубов, смеа“ од Ошо.

Кои се нивните омилени филмови или телевизиски серии?

Дали знаете дека „Умри машки“ е направен според книга? Се вика „Ништо не трае вечно“ . Исто и „Ловци на глави“од Ју Несбе. Кога книгата е филмувана, тогаш имате уште една тема што можете да ја истражите. Или, пак, совршено напишаниот роман на Патрик Зискинд – „Парфем“. Книгата води кон филмот, во кој екранизираната верзија одлично ги доловува сцените од романот.

Финтата е што сите најдобри филмови се снимени според книга. Тоа е факт што го дознав истражувајќи на Интернет. Истото важи и за телевизиските серии. А дури и ако некоја серија е снимена според „оригинално сценарио“, сигурно постои книга со слична содржина.

Затоа следниот пат кога вашиот пријател ќе почне да ви раскажува за омилениот филм или телевизиска серија, добро запамтете ги... Ќе ви се најдат околу Божик, за неговиот роденден или кога ќе треба да му се извините за нешто.

Дали сакаат убави работи?

Можеби вашиот пријател и не е некој голем љубител на книги, но затоа одлично ги средува полиците за совршени фотографии на Инстаграм. Иако не е некој голем интелектуалец, има око за убави работи и сака да биде опкружен со убави предмети во домот.

На пазарот може да се најдат бесконечно многу книги со прекрасни повези и специјални изданија. Ако сакате да подарите одлична содржина со фантастично креиран дизајн, можете да ја погледнете Јубилејната едиција на ТРИ и да му подарите на вашиот пријател естетски вреден подарок со печат од домашниот дизајнер Зоран Кардула.

Едноставно... прашајте ги

„Еј, Ана, одамна мислев да те прашам“, ноншалантно почнете разговор шетајќи низ парк, „која книга отсекогаш си сакала да ја прочиташ, ама никако не ти паднала в раце? Јас, на пример, одамна ја меркам ’Полиција‘ од Ју Несбе, зашто обожавам трилери. А ти?“

Тајната на овој метод лежи во планирањето. Прашањето треба да ѝ го поставите долго пред да ѝ ја подарите книгата за да заборави дека сте ја прашале. А кога ќе дојде денот, ќе биде восхитена колку добро ја познавате.

Исто така, можете да организирате вечера со пријателите и откако сите ќе имаат испиено по неколку пијачки – тогаш поставете им го прашањето. Тие нема ништо да забележат, а вие внимателно ќе фаќате белешки. Се разбира, ваквата стратегија си носи голем ризик, зашто може да ја потсетите пријателката на книгата што многу сака да ја прочита, па ќе оди да си ја купи уште следниот ден. Но ако ви успее, ќе бидете чудо од човек и неверојатен пријател.


Инспирирано од  https://bit.ly/33NTEMX

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново