ДАЛИ ОВА Е ТВОЈАТА ПРЕСВРТНА ГОДИНА?

ДАЛИ ОВА Е ТВОЈАТА ПРЕСВРТНА ГОДИНА?

Наскоро во ТРИ – „Пресвртна година“ од Бријана Вист

Секој ден може да стане пресвртен. Секоја година е годината што може да ви го промени животот. Бријана Вист не може да го стори тоа за вас. Ниту нејзините мудри зборови. Но тие можат да ве охрабрат и како стар пријател да ве насочат оддалеку и длабоко однатре.

Ако сте во пресвртен период, ако сè уште го премостувате просторот меѓу местото каде што сте сега и каде што сакате да бидете – запомнете дека личноста што сакате да станете е веќе внатре во вас. Книга со 365 дневни лекции и медитации што ќе станат дел од вашето секојдневие. Извојуваме неколку, нурнете се во нив и најдете доза мотивација за пресврт!

***

Се надевам дека ова е годината во која ќе си го промените животот.
Не на површен начин. Не само така што ќе ги преместите работите и потоа ќе се чудите зошто под површината не чувствувате дека нешто посебно се менува. Не конформистички. Не на начинот според кој најмногу ќе се усогласите со вообичаените знаци за успех, кои ве тераат да се насмевнете поради вашите достигнувања, ама сепак останувате вознемирени поради чувство на вина и каење.

Се надевам дека ова е годината кога ќе си го промените животот онака како што отсекогаш потајно сте посакувале. Година во која откривате дека сите тивки соништа кои толку долго ги чувате во себе се, всушност, ехо од некои паралелни животи, сестрински приказни  кои бараат да бидат раскажани, да направите судбински чекор кон нив, да ги поместите од својот ум во опипливата, физичка реалност.

Се надевам дека ова е годината во која ќе си го промените животот на единствениот начин на кој можете, со онаа сила што само вие ја имате. Јас не можам да го сторам тоа наместо вас. Зборовите не можат да го сторат тоа за вас. Тие само можат, како стар пријател, да ве охрабрат и да ве насочат со порака оддалеку и длабоко однатре. Се надевам дека повеќе ќе се фокусирате на она што го чувствувате меѓу редовите одошто на она што го гледате на страниците. Се надевам дека секој следен ден ќе ве натера малку да застанете и да размислите за тоа која невидлива, трета порта на можности можеби не сте ја забележале. Се надевам дека не се плашите да влезете внатре, во просторот од каде што се раѓа сиот ваш живот.

Се надевам дека ова е годината кога ќе престанете да се вртите околу она што сте сакале да станете, она за што сте дојдени на планетава да го постигнете. Се надевам дека ова е годината кога ќе научите да се соочите со она што е разумно и ќе изградите смисла во еден свет што сте го создале по ваша мера. Се надевам дека ова е годината кога ќе сфатите дека земјата не ве држи само ако стоите во место – туку дека со секој чекор што ќе го направите и каде и да ве води тој чекор, тој ќе ве поткрене во ваша полза, како што отсекогаш било, како што секогаш прави.

Се надевам дека ова е годината кога сфаќате дека сè – буквално сè, до последното нешто во вашиот живот – ќе се случи со многу поголема леснотија ако е усогласено со вистинската намера на вашата душа. Се надевам дека ова е годината кога ќе најдете најцврста, најодлучна смелост. Се надевам дека ова е годината во која страсно зачекорувате во вашиот живот, онаков каков што отсекогаш требало да биде.

Во вас постои блескава визија за вашиот живот која светот, со текот на времето, ја замолкнал.
И повторно е време да ја слушне.
И повторно е време да живеете.

Бријана Вист


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново