7 ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ ШТО КОСТА ПЕТРОВ ПОСАКУВА ДА ГИ ЗНАЕЛ ПОРАНО

7 ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ ШТО КОСТА ПЕТРОВ ПОСАКУВА ДА ГИ ЗНАЕЛ ПОРАНО
Пробувај ги сите патишта за да можеш да знаеш кој е вистинскиот. Коста Петров со своето животно искуство може да ти биде насока. 

Овие седум животни лекции нека ти бидат патоказ. На крајот, откако умот ќе го исполниш со овие поуки, прашај го и срцето што мисли за нив. Ако имаш потреба од уште (а секогаш имаме потреба од уште мудрости) тогаш прочитај ја „Сè што би сакал да знаев порано“ и сподели ги со нас твоите размисли. Секако... и твоите чувства.

Во животот можеме да имаме сè, но не во исто време

И токму поради тоа некогаш знаеме да бидеме незадоволни од постигнувањата во нашиот живот. Работите не ни доаѓаат по редоследот што ние го сакаме, туку по редоследот кој е потребен за да се трансформираме. Животот е, всушност, многу едноставен. Ние копнееме да доживееме сè одеднаш. Тој нè учи дека вистинската магија се случува кога ќе се проткаат трпението и истрајноста.

Некои бродови треба да ги оставиме да потонат

Животот е низа откажувања, кои ни овозможуваат подобро да се запознаеме и вистински да се сакаме себеси. Откажете се од поставувањето нереални цели кои се штетни за вашето емотивно и ментално здравје. Пренасочете ги енергијата и напорите на друго место.

Смислата на животот не е сите да нè сакаат, туку да живееме така како што ние сакаме

Научете се да се вреднувате самите себе. Прифатете го фактот дека никој не е совршен и дека никој не е сакан од сите. Нашите несовршености се дел од нас и тие не значат дека не сме доволно добри. Напротив, значат дека сме луѓе. Апсолутно е во ред да не им се допаѓаме на сите.

Најдобрата одмазда е никаква одмазда

Никогаш немој да бидеш како тие што те повредиле. Некој веќе го урнал твојот свет. Зошто да ги правиш работите уште полоши? Наместо да се свртиме кон закрепнување, со одмаздата ние само дополнително паѓаме во прегратките на темнината.

Немој да бидеш како луѓето што те повредиле

Човек не може да живее сам. Ако сакате никогаш никој да не нè повреди, треба да се преселиме во некоја пештера и да си го живееме животот изолирани од сè. Па дури и тогаш нема да се ослободиме од чувството на повреденост. Тогаш ќе нема кој да нè повреди, но ќе се повредуваме самите себеси.

Луѓето не мислат на нас толку колку што ние мислиме дека тие мислат на нас

Луѓето си се фокусираат самите на себе и на своите емоции и искуства. Имаат зафатен живот, немаат време постојано да размислуваат за другите. Тие обрнуваат внимание на работи што директно влијаат врз нив, а нашето присуство во нивните животни не е толку значајно колку што ние си мислиме.

Постојат илјадници наши верзии и секоја е дел од нас

Прифати ја својата верзија од времето кога влегуваш во светот на возрасните. Тоа е период кога влегуваме во нови авантури без да размислуваме премногу за последиците, кога правиме избори кои своите соништа ќе ги следиме. Таа е верзијата кога сме ги развивале својата храброст и издржливост. 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново