20 ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ ШТО ГИ НАУЧИВМЕ ОД ГАБОР МАТЕ

20 ЖИВОТНИ ЛЕКЦИИ ШТО ГИ НАУЧИВМЕ ОД ГАБОР МАТЕ

Поуките што ги извлекуваме од книгите на Габор Мате не се обични зборови што само ќе ни ги отворат очите. Ќе нè повикаат и на акција, но на крајот на краиштата, ние самите треба да ја започнеме промената.

Некогаш не е потребно многу да се зборува, само да се слуша. Слушајте ги овие животни лекции со својот внатрешен глас и дел од промената е веќе направена.

Овие се 20 животни лекции што ги научивме од Габор Мате:

Обидот да се избега од болката носи уште поголема болка.
Најголемиот подарок што еден родител може да му го даде на своето дете е неговата среќа.
На човекот му е вродено да биде среќен.
Има огромна разлика меѓу желба и зависност.
Отсекувањето од природата на нашето самосочувство е една од најголемите штети што можеме да си ги направиме.
Изборот е возможен само кога ќе престанете да се идентификувате со умот и неговите условни обрасци. Тогаш станувате присутни.
Во сегашната свест ние сме ослободени од минатото.
Речиси сите дијагнози како што се депресијата, анксиозноста, биполарноста, потекнуваат од траумата.
Не плашете се од сопствената вистина. И не плашете се да ја напуштите ако најдете друга, подлабока вистина внатре во вас која потајно ви се обраќа.
И 24/7 да се изложите на врева, нема да успеете да ги стивнете страшните гласови внатре во себе.
Во природата на човекот е потребата да се поврзе со другите луѓе.
Себеприфаќањето не е исто со себевосхитување.
Кога ги судиме одлуките на другите луѓе, си судиме себеси.
Ни најголемиот непријател не може да те повреди колку што можат твоите сопствени мисли.
Секој миг е значаен, зашто ние самите создаваме значење од несвесното толкување на раните настани, а потоа секое сегашно искуство го базираме врз значењето создадено тогаш.
Ја пишуваме приказната за нашата иднина врз основа на наративите засновани врз минатото.
Бегајќи од нашата ранливост, ја губиме целата способност да чувствуваме какви било емоции.
Срамот е една од најголемите негативни емоции – правиме сè за да го избегнеме, а тој пак ни го замаглува видикот на реалноста.
Љубовта што ја чувствува родителот не е иста со љубовта што ја чувствува детето. Мора да се најде начин како да се покаже.
Живееме во општество кое во голема мера ги негира човечките потреби.

 

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново