ТРИ НОВИ КНИГИ ОД ТРОЈЦА МОЌНИ АВТОРИ

ТРИ НОВИ КНИГИ ОД ТРОЈЦА МОЌНИ АВТОРИ

Трите книги кои ќе го збогатат светот на ТРИ се најновите изданија на тројца големци во литературата. Францускиот бескомпромисен Д’Артањан – Бегбеде, Мураками со јапонска прецизност и уживател на вотка со лимон, и Гејман, современиот маѓосник кој се прелева со своите раскажувања и низ филмот и стрипот.

Јуни нека биде полн со нови книжевни искуства и топли препораки за читање на овие три книги што наскоро ќе бидат издадени! Ве предупредуваме – содржините ќе ви предизвикаат секакви емоции ?

 

Фредерик Бегбеде – „Човекот што плаче од смеење“

Најновата книга на Бегбеде навлегува во професијата копирајтер низ призмата на еден измачен креативец, кој доживува личен бродолом. Тој не само што не е исклучиво личен, туку е повеќе колективно жртвување. Хуморот е ставен под лупа, дали е навистина слобода или е диктатура да немаш право на одговор? Откривајќи се себеси низ нова професија во 2010 г. како хумористичен колумнист, низ ликот на овој псевдочовек со име Октав Паранго, кој е, всушност, самиот Бегбеде, приказната станува сатира обземена од силен очај и комика. Токму како и насловот – „Човекот што плаче од смеење“. Понекогаш смеењето е навистина повик за помош. Скандалозно реален роман.

 

 

Харуки Мураками  – „Убиството на Командантот“

Наспроти разузданоста на Бегбедевиот јунак и стил стои еден самурајски продуховен сликар кој, бегајќи од емотивното торнадо по разделбата со сопругата, оди во планина напуштајќи го светот во кој дотогаш живеел. Сакајќи да ја истражи внатрешната болка и самотија, тој не може да побегне од духовите што го опкружуваат. Во книгата се преплетуваат најдлабоките човечки стравови и пориви, низ фотореализмот се мешаат сликата на Мураками и сликата на авторот внатре во текстот. Еден ден, слушајќи чуден ѕвон од шумата, сликарот открива цел круг мистерии. Единствениот начин да го затвори кругот е да тргне на опасно патување. Приказна за човек во бегство, мајсторски напишана од Мураками во стил кој само тој може да го досегне – апсолутна осама, војна во себе и уметност.

 

 

Нил Гејман – „Предупредување за содржината“

Последниот од оваа тројка писатели е раскажувачот, сценарист и стрип-автор Нил Гејман. Човек со оптимистичка а  даркерска позиција во светот на книжевноста, единствен во своите длабоки проникнувања во стравот кој ја обележува човечката природа. Фантазијата нему му е природно орудие со кое ги обликува своите приказни. Расказите во оваа книга се деконструкција на целата негова работа, како и на човековата поврзаност со темната страна. Книга со авторефлексија на еден голем креативец и сценарист. Сепак, внимавајте – Гејман нѐ предупредува дека воопшто нема да биде наивно да се чита напишаното!

Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново