ОД ДНЕВНИКОТ НА МАРКО ЈАКУПЕК

ОД ДНЕВНИКОТ НА МАРКО ЈАКУПЕК
Зар не уживате додека ги читате рецензиите на другите читатели? Во некои зборови се пронаоѓате, со некои сознанија не се согласувате, но најубавото чувство е кога согледувате дека постојат и други луѓе кои се исто толку вљубени во книгите како вас. Марко Јакупек е вљубен во мирисот на свежопечатена книга, на стара чувана книга, на книга која ја носи секаде со себе. Исто како вас, и тој ги обожава книгите. Која му е омилена трилер-драма? Прочитајте и откријте!

Oва е уште една од оние книги кои пленат уште на почетокот, со првите страници. Книгата е комбинација на драма, мистерија и трилер.

 Преку неа ќе добиеме одговор на тоа дали знаеме сè за нашите соседи, дали тие се онакви какви што се претставуваат или тоа е само маска. Исто така, ќе откриеме многу и за работата на службите за згрижување на деца, за тоа дали доволно добро ја извршуваат својата работа. Главниот акцент во книгата е ставен на две семејства. 


Куќата на семејството Флеминг изгледа исто како и другите куќи во луксузната населба. Мажот e патувачки трговец. За сопругата дознаваме дека е шармантна и угледна жена, а нивниот син е матурант – и тоа е сè што прикажуваат пред светот.   

Сепак, сосетката Шерон, која е пензионирана и има многу слободно време, здогледува нешто низ нивниот прозорец, сцена која не може да ја отфрли – мало девојче кое на полноќ во кујната мие садови. По барање на нејзината ќерка, Шерон во меѓувреме во својата куќа ќе ја прими Никита, девојка порасната во згрижувачки семејства, која ќе почне да живее со неа. Откако Шерон ќе ѝ каже што видела, тие ќе почнат да се сомневаат дека соседната куќа крие ужасна тајна. Исто така, и самата Никита ќе биде сведок на чудни работи и звуци кои доаѓаат од соседната куќа.   Иако треба да игнорираат нешто што не е нивна работа, сепак, тие двете се одлучни да ја разрешат мистеријата и бараат помош од правната служба во државата, а бидејќи тие не се многу заинтересирани за овој случај, решаваат самите да ги откријат тајните што сè повеќе се наметнуваат. 

 Истрагата ги води Шерон и Никита  на несигурно патување кое добива насилен пресврт... 

 Топла препорака за оваа книга! Сите кои сѐ уште ја немате, тркнете во Издавачки центар ТРИ за да си ја набавите!

П. С.: Ако и ти си страстен читател на ТРИ, ја цениме твојата верност. Пиши ни, ги очекуваме твоите размислувања за прочитаните книги, а ти очекувај ја нашата награда. Во меѓувреме ти праќаме многу благи зборови!


Влези во светот на ТРИ

Пријави се за буклетер и секогаш прв ќе дознаеш што е најново